ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Практични Мајки   >  Придодни лекови против настинка за време на бременоста
    Придодни лекови против настинка за време на бременоста

    Придодни лекови против настинка за време на бременоста

    Придодни лекови против настинка за време на бременоста

    Зајакнете ја отпорноста на организмот и ублажете ги симптомите на потполно природен начин, безбеден и за вас и за вашето бебе.
    Со оглед на тоа дека во текот на бременоста доаѓа до одредени промени на имунолошкиот систем, негова главна улога е да се поттикне развој на бебето. Поради тоа може да се случи да бидете чуствителни на вируси кои се предизвикани од настинка или грип. Советуваме да избегнувате подолг престој во затворени простории и гужви.Доколку ве зафати грипот и вас, еве препорака како да се изборите со него. 

    Освежувач на воздух

    Доколку дишете отежнато и имате сува, надразлива кашлица, посебно во текот на ноќта направете го следново:
    Доколку имате парно греење, на радијаторите поставете сад со вода. На тој начин воздухот би бил посвеж, што во случај на наситнка може да допринесе во олеснување и подобро чувство. Ова е посебно важно доколу сте астматичар, или имате хроничен бронхит. Влажниот воздух е природно средство за одзатнување и делува на тој начин што помага во разредување на секретот во белите дробови и прави ослободување на дишните патишта.Влажната  слузокожата не штити од вируси, додека исушената слузокожа е подложна на иритации и инфекции.

    Чист воздух

    Одморот и добро проветрена просторија е од голема важност за вашето здравје и вашето идно бебе. Разни загадувачи на воздухот, а посебно димот од цигарите, штетат на вас и кога сте здрави а посебно кога сте болни. Тие во голема мера ги зголемуваат симптомите на настинка и го продолжуваат нејзиното траење. Според тоа, можно е да има повторно појавување на бронхитис, кој воглавно се јавува во текот или непосредно по акутна вирусна инфекција на горните дишни патишта, најчесто за време на зимските месеци.

    Испирање на грлото

    Доколку вашето грло е суво, црвено, болно, чувствувате гребење или пак голтањето ви е отежнато, припремете едноставен солен раствор.
    -Во шолја за кафе ставете топла вода, потопете една четвртина лажица сол. Ова средство ефикасно го извлекува секретот, ја намалува болката и отокот и ја намалува надразливоста. За да се зголеми ефектот можете да додадете малку сок од лимон. Солениот раствор во текот на денот, по потреба конзумирајте го и правете гаргара. Исто така можете да правите гаргара и со чај од камилица и бел слез кој го смирува болното грло.

    Испирање на нос

    Едноставна комбинација на сол и вода го разредува секретот во носот и го смирува иритираното ткиво. Солениот раствор можете многу едноставно да го припремите.
    Потопете една четвртина лажица сол во шолја со вода, па со помош на чисто шишенце, ставете неколку капки од растворот во двете ноздри. Почекајте околу 5 минути пред да го издувате носот. Повторете по потреба. Освен тоа што прави блага дезинфекција, морската сол често се користи и за кивање, со кое полесно се исфрла содржината од синусната шуплина. Ова не се препорачува доколку имате чести крварења од нос.Чајот од бел слез исто така се применува за испирање на носот, бидејќи ја намалува иритацијата и затегнатоста а ја зголемува влажноста на слузокожата.