Природни средства кои ги одбиваат комарците а сите ги имаме дома
Постојат неколку многу едноставни начини да се решиме од летечките напасти.
Дали сте знаеле дека белиот лук ги одбива комарците?
Тој впрочем го прикрива мирисот на јаглен – диоксид кој го издишуваме, а освен тоа, мирисот на сумпур кој се ослободува низ нашата кожа, исто така не прави помалку пожелни за овие летечки напасти, пишува Natural Living Ideas.
Комарците често знаат да досадуваат ако ви недостига витамин Б, како што покажуваат истражувањата. Кога ќе земете нешто повеќе витамин Б, од што е потребно можете да предизвикате повеќе потење низ кожата, а комарците тој мирис го сметаат за доста одбоен.
Јадете храна богата со витамин Б1, како што се говедско месо, јајца, семки, грашок, јаткасти плодови, портокали, свинско месо или едноставно земете додаток витамин Б1.
Ванилата е природно средство за борба против комарци. Додајте две лажички ванила во една чаша со вода па попрскајте се со тој раствор. Ванилата ќе го прикрие мирисот на вашето тело и ќе ги задржи комарците подалеку од вас.
Комарците се посебно наклонети кон повеќето лосиони, лакот за коса, парфемите, па дури и дезодорансите. Ако користите лосиони и слични препарати, инсистирајте тоа да бидат оние кои имаат јак мирис на лаванда, босилок, рузмарин или дури и еукалиптус.