Пробајте нешто ново: Чај од банана
Пробајте нешто ново: Чај од банана
Докторт Оз, советува одличен топол напиток пред спиење, односно за подобар сон. Мораме да признаеме дека ова малку не збуни, па одлучивме прво да го направиме чајот според наведените инструкции а потоа да го споделиме со вас. На наше изненадување, чајот е одличен!
Но, дали ќе биде делотворен, останува да видиме. Дефинитивно добивме напиток кој е необичен, но со познатиот вкус на банана. Плус, во една шоља чај додадовме и една лажичка цимет и резултатот е фантастичен. Во друга шоља ставивме мед и резултатот е уште подобар. Во трета шоља додадовме малку ванилин шеќер и тука не погрешивме. Знали, сите три комбинации се одлични. Можете, секако, да пробате и обичен со шеќер.
Сега малку околку самиот рецепт:
Сварете пола литар вода. Земете една банана (не изљупена, повторување – не излупена) со нож исечете ги краевите. Целата банана додајте ја во зовриената вода и оставете да се вари околу 10 минути. Потоа извадете ја бананата, а чајот се спремен за пиење откако ќе се олади. Необичен вкус, пријатен на прва, вреди да се проба дефинитивно. Исто така да додадеме дека бананата можете да ја изедете по варењето, ништо нема да и фали (само не ја фрлајте).
Банана-сон, како, зошто?
Ако постои некоја строго природна намирница која може да биде алтернатива за спиење, тогаш тоа би било банана. Магнезиумот кој го содржи ќе ги опушти мускулите и така ќе го смири телото. Плус, бананите, односно кората од банани не е прскана или пак е многу малку прскана со пестициди, што ги потврдува последните истражувања дека јаболкото и праската па и грозјето се негде на првото место за најмногу прскани овошки, додека бананата е негде на последните места. Ова значи дека дека можете слободно да уживате во овој необичен напиток. Имајте убав и мирен сон.