
Проблем во градинките – Македонија нема капацитeт за сите деца
Општо е познато дека во Македонија владее голем проблем за влез во градинките. Се факаат врски, се трча од врата на врата само за да бидеме сигурни дека нашето дете ќе биде згрижено а родителите ќе можат спокојно да се вратат на своите работни места за да заработат.
Капацитетите се исполнети, велат голем дел од градинките. Дури 2.529,00 деца се на листата на чекање. Но прашањето е, што институциите превземаат за овој огромен проблем? И да превземат за колку брзо ова може да се реши?
Најголемата листа на чекање ја има во Битола и тоа со рекордни 800 деца на листата за чекање. Според последните податоци извадени од Државниот завода за статистика Битола има негативен прираст од -97, односно негативен прираст на разликата меѓу бројот на родени и починати. Во моментов во Битола има само две градинки со свои подградинки. Бројот на групите е помеѓу 20 и 30 деца.
Тука се поставува и друго прашање, колку децата можат добро да бидат згрижени доколку групите на деца се со толку голема бројка. Сите сме свесни дека е многу тешко една или две воспитувачки да следат волкава група на деца. Тргнуваме од себе нели? Како ние како родители се справуваме со едно, две или три деца а камоли да имаме бројка од 10, 20. Но, кој е крив, институциите, воспитувачките…? Сведоци сме на различни ситуации, па затоа и често родителите се запрашуваат дали да им веруваат на државните градинки или не? Кое е најдоброто решение за нивното дете? И така, од еден проблем во друг…
Во Скопје, Општина Кисела Вода е прва на листата со негативен прираст од -29. Во оваа општина децаta кои се дел од листата на чекање бројат дури 729. Во Скопје следна на листата е Ѓорче Петров со 400 деца а трета на списокоt е Аеродром со 250.
Институациите ветуваат дека работат на изградба на нови градинки, но што до тогаш? Веројатно решението е баби, жени кои чуваат деца или пак приватни градинки?
Точните одговори не ги знаеме, но едно е сигурно, за жал родителите во Македонија се соочуваат со огромни проблеми кога станува збор за згрижување на нивното дете по завршување на трудничкото боледување. Ова е реален проблем, затоа треба сите да превземеме некаков чекор за решавање на истиот!