ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Проблеми со несоница и хроничен умор
    Проблеми со несонинца и хроничен умор

    Проблеми со несоница и хроничен умор

    Спиењето претставува вид на “чистење” на мозокот од протеинот бета-амилоид, кој може да биде одговорен за многу болести. Исто така сонот, како што е на сите познато е одмор за телото и поради тоа е многу битно да се биде наспан секој ден.
    Несоницата е честа појава по породувањето но и е доста позната појава во модерното друштво. Поради начинот на живот или обврските со бебето, ваквите несоници често влијаат на здравјето и хроничниот умор, помала концентрација и ја смалува продуктивноста во секојдневните обврски.
    Недостатокот на сон може да ја загрози работата на срцето но и може да предизвика депресија.
    Во зависност од старосната граница, некому е потребно повеќе а некому помалку сон. Да речеме, новороденчињата спијат околу шеснаесет часа, додека на повозрасните им е потребно 7-8 часа дневно. Затоа мајките, треба максимално да ги користат часовите за сон, додека нивното бебе спие.
    Хроничниот умор е прв знак за ненаспаност и сигнал на човекот дека мора да воспостави подобар риатм во спиењето како би ги избегнале последиците.
    Еве неколку трикови за подолг и квалитетен сон.
    1. Подесете аларм за спиење
    Во време кога вашето бебе спие (со претпоставка дека веќе сте вобеле ред), ваша задача е и вие најголемиот дел од часовите исто така да ги поминете во спиење.
    2. Ритуали
    Почнете од најлесните работи: оставете го телефонот, направете за себе атмосфера за опуштање, пуштете музика која ве опушта.
    3. Водете дневник
    Пробајте да ги пишувате сите убави работи кои се случуваат или како ви поминал денот со вашето бебе.