ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Проблеми во исхраната кај доенчињата
    Проблеми во исхраната кај доенчињата

    Проблеми во исхраната кај доенчињата

    Зошто настануваат овие проблеми во исхраната на доенчињата, како родителите можат да ги препознаат и што треба да направат за да му помогнат на бебето?

    Покрај бљуцкањето и икањето, грчевите (колики), зелената столица, констипацијата, дијареата, како и проблемите во исхраната на доенчињата можат да се јават и неухранетост и прејадување.

    Неухрането бебе

    Добро нахранетото бебе обично се смирува и заспива непосредно после хранењето. Недоволно нахранетото продолжува да биде немирно и се буди на час – два после оброкот, оставајќи впечаток на гладно дете. Овие знаци на лоша исхрана не се секогаш очигледни и родителите не ги разбираат.

    Неухранетоста може да биде резултат на нервоза или неудобна позиција при хранењето, или при потешкотии во џвакањето и голтањето, исто така при неадекватна техника на хранење или грешки во припремата на формулата.

    Добивањето во тежина помалку од 200 грама неделно кај доенчето помало од четири месеци укажува на неадекватна исхрана. Доеното бебе кое не добива доволно на тежина може да се мери пред и после подојот неколку пати за да се измери количината на внесено млеко. Ако таа не е доволна, може да се додаде формула.

    Прејадување кај бебето

    Прејадувањето настанува кога на доенчето му се дава повеќе храна отколку што му е потребно. Се јавува кога доенчето автоматски се храни штом заплаче, кога шишенцето му се дава како разонода, исто така кога родителите даваат храна како награда или кога очекуваат детето секако да ја изеде наменетата количина иако не е гладно.

    Прејадувањето се препознава по брзото зголемување на телесната маса. Индиректни знаци на прејадување се плач, претерано бљуцкање после оброкот и дијареа. Долгорочното прејадување може да доведе до гојазност.

    Затоа што проблемот со гојазноста може да започне со претерано “наливање” во текот на доењето, обидот за контрола на брзината на зголемување на тежината би бил од голема корист, посебно кога двајцата родители се гојазни (тогаш постои многу поголем ризик и детето да биде гојазно).