ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >    >  Дрвени играчки, Едукативни играчки  >  Голема коцка со активности – Hape

    Голема коцка со активности – Hape

    9.290 ден

    Шарена коцка со активности којашто ќе го држи вниманието на малите деца со часови.

    Оваа петострана коцка со активности го поттикнува решавањето проблеми, развојот на логиката, им помага на децата да ги почнат и да ги завршат предизвиците, ги подобрува моторните вештини и упорноста да решаваат проблеми додека се забавуваат.

     

    Страна 1: Горен дел со спирали и дрвени делчиња со различни форми и илустрации. Жабата е гладна и со отворена голема уста. Помогнете им на рибите и бубачките да избегаат, за да не ги лапне. Овие активности се одлични за логичкото размислување и умешност.

    Страна 2: Подредувње на форми. Шесте различни форми им помагаат на децата да научат да разликуваат и да создаваат вештини за рана идентификација.

    Страна 3: Активност со боја. Подредете ги обоените глави на животните во редица според бојата на меурчињата. Оваа страна го проширува разбирањето на децата за боите, ги вежба координацијата и фините моторички движења. Исто така, им помага на децата да пронајдат поврзаност помеѓу работите.

    Страна 4: Ротирачко саќе. Забавна игра со шарени пчелки. Помага во развојот на фокусот.

    Страна 5: Игра со чекан и топчиња. Удирајте ги топчињата за да се протнат низ соодветните отвори, а потоа гледајте како се тркалаат по жичените патеки. Оваа игра е одлична за зајакнување на мускулите на рацете, координацијата и за препознавање на боите.

    Дизајн и материјали
    Оваа коцка за активност на мали деца е направена од дрво што потекнува од еколошки одржливи шуми. Цврстата дрвена конструкција обезбедува издржливост, така што вашето дете може да ужива во долгогодишна забава. Коцката е безбедна и обоена со боја на водена основа.

    Димензии: 35 x 35 x 50 cm.

    ВИДЕО

    На залиха

    Опис

    ko

    Рецензии

    Сеуште нема препораки.

    Само логираните корисници кои го купиле овој производ може да остават препорака.