Only logged in customers who have purchased this product may leave a review.
2.480 ден
Овој комплет од француската марка Kaloo е совршен подарок за новороденче. Вклучува гушкалка, глодалка и меки обувки. Гушкалката е со изглед на весело зајаче, коешто ќе му биде незаменлив придружник на бебето во текот на денот и ноќта. Направено е од два материјали: кадифе и лесна ткаенина од вискоза, коишто се совршени за удобноста на бебето. Гушкалката има долги уши, со коишто може да го закачите насекаде и никогаш да не го загубите. Ушите се нежни и лесни за фаќање и држење со малите рачиња.
Силиконската глодалка е идеална за олеснување на периодот на никнувањето на забите. Нејзината мека, заоблена форма ја прави идеална за малата бебешка уста, а е дизајнирана имајќи ја предвид благосостојбата на бебето. Има 2 текстури: предниот дел е мазен, додека задниот дел има испакнатини, кои помагаат да се пробијат првите заби и да се масираат болните непца. Големите и меки уши се лесни за фаќање и држење и лесно се одвојуваат за перење. Глодалката е безбедна за користење и не содржи PVC и BPA.
Обувките може да се користат од 0 до 6 месеци. Направени се од два материјали: кадифе и велур. Тие се меки и нежни, а со нивните мали зајачки уши изгледаат преслатко на нозете на бебето.
Овој комплет доаѓа во убава кутија за подарок, на којашто може да се напише порака на долниот дел од капакот.
Големина на гушкалката: 30 cm
Големина на кутијата: 26 x 6 x 23 cm
Одржување: Гушкалката и тектилниот додаток на глодалката можат да се перат во машина на 30°. Обувките да се перат рачно.
In stock
Only logged in customers who have purchased this product may leave a review.
Reviews
There are no reviews yet.