• Нема производи во кошничката.
a
  >    >  Дрвени играчки  >  Учам да пишувам – Janod

Учам да пишувам – Janod

2.390 ден

Овие картички за пишување од серијата Essentiel на францускиот бренд JANOD, на интересен начин им помагаат на децата да научат да ги препознаваат големите и малите букви од абецедата, а исто така им помагаат и во учењето да читаат и да пишуваат.

Комплетот вклучува 26 дебели картички изработени од цврст картон. На едната страна има букви со текстура за допирање и стрелки. Релјефот им овозможува на децата да поминуваат со прстите по буквите и да добијат чувство за облиците и насоките на пишување. Буквите се прикажани во 3 вида: големи, мали и ракописни.

На другата страна на картичките, децата можат да вежбаат пишување следејќи го прикажаниот модел и стрелките што го покажуваат правецот на пишување, за правилно формирање на буквите.

Комплетот вклучува: 26 картички (по една за секоја буква), мал бришач за чистење на маркерот, дрвена кутија за чување на картичките и маркер што се брише.

 

Димензии на производот: 23 x 8 x 24,5 cm

На залиха

SKU: 3700217350741 Категорија: Ознаки: , , , , , , Brand:

Дополнителни информации

Бренд

Рецензии

Сеуште нема препораки.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ може да остават препорака.