ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Професор Шичида за раниот развој: 3 практични совети за родителите како да комуницираат со децата
    Професор Шичида за раниот развој: 3 практични совети за родителите како да комуницираат со децата

    Професор Шичида за раниот развој: 3 практични совети за родителите како да комуницираат со децата

    Макото Шичида е основоположник на еден многу ценет метод за поттикнување на раниот развој на мозокот. Но, како неговиот метод би бил што поуспешен, Шичида истакнува дека е неопходно детето да чувствува љубов и почитување.

    Макото Шичида е почетник на една цела револуција во образованието во Јапонија. Тој го промени начинот на кој возрасните, поготово просветните работници, ги разбираат децата, колку ги ценат нивните интелектуални способности и ги запознава со различни стилови и методи на образование.

    Професорот смета дека целта на образованието не треба да биде знаење кое се “турка” во детето. Шичида смета дека образовниот систем ја развива само левата хемисфера од мозокот, а десната ја запоставува, што подоцна на детето му оневозможува да го развие својот полн потенцијал.

    Не е потребно да се присили развојот на левата хемисфера од мозокот, давајќи му на дете од 3 години загатки од логика и енциклопедиско знаење. Тој верува дека ако кај децата се развиваат двете мозочни хемисфери истовремено, децата ќе прераснат во генијалци.

    Децата растат и созреваат побрзо и знаат многу повеќе отколку што мислат родителите. Човечкиот мозок почнува да се равива набрзо после раѓањето, а кај десетгодишно дете, мозокот е веќе 90% развиен. Затоа професорот посебно се посветува на раниот развој на мозокот.

    Но покрај неговиот метод чии вежби се користат во образовните системи ширум светот, професорот посебно го истакнува односот кој родителот го гради со детето. Тој однос мора да биде полн со љубов, почитување и верување, како учењето би било што поефективно.

    Покрај школските вежби и активности, Макото Шичида има неколку практични совети за родителите кои се однесуваат на нивната комуникација и секојдневниот однос со децата.

    1.Слушајте внимателно што Вашето дете зборува

    Слушајте го својот разговор со детето – Кој доминира? Макото Шичида нагласува дека разговорот не би требало да биде едностран. Во спротивно, детето може да се чувствува непотребно и да се повлече. Родителите мора и да чујат, не само да слушаат. Децата мора да бидат сфатени. Како би му ставиле дознаење на детето дека го слушате, пробајте со примена на “ ехо методата”.

    Пример:

    –          Мамо, Ана е лоша. – Да, Ана е лоша. Што ти направи таа? – Ме удри. – Те удри. Зошто те удри?

    Значи, родителот ги повторува зборовите како ехо. Во разговорот не треба да има предупредувачки тон и морализирање.

    2. “5 минути”

    Методата на расположение наречена “5 минути” е навистина волшебно стапче за родителите кои сакаат да го поправат однесувањето на своето дете, да се ослободат од некои лоши навики – тешка адаптација на градинката, шмукање на палецот, навикнување на нокшир итн.

    Пет минути е она време после кое детето, неговиот свесен ум заспива. Но подсвеста е будна и работи. Затоа е многу ефикасно да се користи ова време и да се делува на подсвесното ниво.

    Пример:

    Кога детето не сака да оди во градинка, мајката на детето кое штотуку заспало, почнува да ги шепоти следните зборови – … (името на детето), сега си големо/а момче/девојка, веќе имаш 2 години. Имаш 2 години и затоа веќе нема да плачеш кога одиш во градинка. Ти си разумно и весело дете, ја слушаш својата мајка и таа многу те сака. Сега спиј мирно.

    3. Силна прегратка од 8 секунди

    Како неговиот метод би бил успешен, Шичида истакнува како детето мора да почувствува почитување и љубов. А еден од најдобрите начини за тоа е прегратката.

    Пример:

    Замолете го детето да ви помогне, на пример во миењето на чиниите. Кога ќе заврши со задачата силно гушнете го и пофалете го: “Ти благодарам што ми помагаш! Навистина ми помогна! Многу те сакам!”

    Тогаш прегрнете го детето и останете во прегратка 8 секунди. Штом ќе го направите тоа, Вашата љубов ќе допре до срцето на детето. Ќе видите, од старите хирови нема да остане ни трага.