Проклето сум уморен, но ќе уживам во ваквите моменти додека можам!
Dwayne Johnson ги насмеа родителите ширум светот!
Познатиот холивудски глумец сподели еден симпатичен момент од својот родителски живот и ги разнежни сите свои фанови.
Недостатокот на сон е проблем на поголемиот број родители кои поради бројните обврски околу децата, куќата и работата, немаат доволно време да се одморат. Со овие проблеми се запозна и познатиот глумец Dwayne “The Rock” Johnson, кој има три ќерки,
“Работев до доцна и спиев по само три часа кога ова “торнадо” влезе во мојата соба, скокна врз мене и ме наговори да станам и да го однесам од просторијата во која ги чува своите играчки со кои сака да играме заедно”, напиша познатиот тато на фотогрфијата на која во рацете ја држи својата двегодишна ќерка Јасмин.
Но, девојчето се предомислило и наумило да направи нешто сосема друго.
“Влеговме во просторијата и тогаш изненадување- одби да си игра и само сакаше да ја држам додека има ветар”, додаде и всушност пренесе важна порака на сите родители на кои ваквите работи им паѓаат тешко.
“Проклето сум уморен, но ќе дојде тоа време за неколку години кога скокањето во прегратки ќе биде последната работа која ќе сака да ја направи зошто ќе сака да прави многу по куул работи. Затоа ќе уживам во вакви моменти додека можам”.
46-годишниот глумец со девојката Лорен имаат шестмесечна ќерка Тиана Џиу, додека од бракот со бодибилдерката Дени Гарсија има 16 годишна ќерка Симон Александрија.