ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Актуелно   >  ПРОВЕРЕН НАЧИН КАКО ТАТКОТО ДА ГО СМИРИ РАСПЛАКАНОТО БЕБЕ
    ПРОВЕРЕН НАЧИН КАКО ТАТКОТО ДА ГО СМИРИ РАСПЛАКАНОТО БЕБЕ

    ПРОВЕРЕН НАЧИН КАКО ТАТКОТО ДА ГО СМИРИ РАСПЛАКАНОТО БЕБЕ

    Како таткото може да го смири бебето?

    Татковците се повеќе учествуваат во грижата за бебето. Некој европски земји вовеле и задолжително породилно отсуство за татковци во траење од три месеци како би можеле активно да учествуваат во грижата за бебето во текот на првите денови. Вообичаено е таткото да присуствува и на породувањето. Бидејќи не се вклучени во хранењето на бебето затоа што мајката го дои, понекогаш таткото е љубоморен.

    Меѓутоа, таткото се покажал како некој кој е одличен во смирување на бебето кога плаче. Некои од техниките кои ги користат за смирување се многу ефикасни и и се потребни на мајката која го поминала денот со расплаканото бебе и веќе е преморена и нервозна.

    Начини да го смирите бебето

    Кога бебето е сито (најадено) и пелената му е променета, а тоа и понатаму плаче, таткото мора да најде друг начин да го смири. Што може следно да проба?

    Мал прст

    Пробајте да го смирите бебето така што ќе ги измиете рацете и ќе му го дадете малиот прст (да го цица). Пазете прстот да биде наопаку, за да не му го повредите осетливото непце со ноктот. Бебињата некогаш ја одбиваат цуцлата(лажливка), но допирот на правата кожа лесно ќе го смири.

    Лулање

    Бебињата сакаат да се лулаат. Тоа ги потсеќа на периодот кога биле во матката. А има ли поудобно место од прегратката на таткото?  Шетајте со бебето во прегратка, може и да играте, полека одите напред-назад. Можете да испуштате и некој глас “шшшшшш” или слично, не е важно каков глас испуштате, ама важно е да биде еднолично и со повторување. Постепено смалувајте го гласот, коко што  бебето ќе престанува со плачот.

    Направете малку заедничка бучава

    Верувале или не оваа техника функционира. Бебето овој звук го поврзува со оној во матката. Додека престојувало во мајчиниот стомак, бебето можело да го чуе чукањето на мајчиното срце, како и звукот на варење  на храната, како и други звуци кои допирале до него низ водата.

    Било што, што прави бучава може да е корисно. На пример звукот на уклучена правосмукалка, фен, вентилатор или машината за перење.

    Носете го бебето

    Бебето може да го носите со помош на некоја модерна марама за носење. Ќе го смири топлината на вашето тело, како и чукањето на срцето но и вашето дишење и движење, па веројатно ќе заспие за неколку минути.

    Почекајте

    Не паничите ако ништо не помогне. Ни вие не сте семоќен и нема место за нервоза. Бебињата едноставно некогаш не се ни уморни, мокри гладни и ништо не ги боли, а сепак плачат. Почекајте неколку минути, можете да отидете до тоалет на пример, и може да се случи бебето во меѓувреме да се смири само па дури и да заспие.