Прва недела од бременост
Прва недела од бременост
Доколку сте се одлучиле да станете родители, треба да размислите за следните работи:
Разговарајте со вашиот гинеколог. Прифатете ги советите и препораките за здрава исхрана. Распрашајте се што се една трудница би требала да јаде а на кои работи да обрати посебно внимание со што би обезбедила здрава бременост.
Доколку сте користеле антибебепилули, вашиот гинеколог ве советувал да ги прекинете месец до два, пред да дојде до зачеток. Не би било лошо да ја проверите и листата на лекови кои најчесто ги користите. Распрашајте се дали некои од лековите би имало негативна последица за плодот.
Обратете внимание на вашите навики.
Не се само испушените цигари на мајката оние кои го загрозуваат плодот, туку и сите индиректни цигари од таткото преку кои се зема никотинот подеднакво лошо може да влијаат врз растот на бебето. Од таа причина освен мајките и татковците треба да престанат да пушат цигари, или пак барем да ги сведат на минимум. Лошиот развој на плодот, можат да се појави и доколку родителите користеле кокаин, LSD, хероин или други дроги. Но исто така доколку се претера со алкохолот, делува многу неповолно за правилен раст и развој.