Прва недела после пораѓај: Поради што се јавува тага, анкциозност и меланхолијa
Во привите неколку недели после пораѓајот ќе осетите нагли промени на расположението, а еве и зошто овие чувства се појавуваат и како да се изборите со нив.
За многу мајки доаѓањето на детето прави емотивен рингишпил. Еден ден може да чувствувате неизмерна среќа и задоволство, додека во следениот ден да го поминете во плачење.
Ова е период кога жената сваќа дека едноставно многу работи се промениле. На пример, сака да оди на ручек со пријателките но тоа не е возможно поради новите навики и промени. Почнува да се плаши дека можеби нема да знае да изреагира доколку бебето во јавност почне многу да плаче, да повраќа или пак да ги наполни пелените. Од друга страна ако го остави бебето на некој да и го причува се плаши од тоа што ќе се случува без неа или како ќе изреагира доколку и се јават да се врати побрзо.
Оваа промена во расположението е потполно нормална после пораѓајот, бидејќи во телото на жената се случуваат драстични промени на хормоните кои се манифестираат со нагли промени на расположението. За ова говори Hilda Hučerson, асистент на Колубискиот медицински факултет.
“Многу жени не се спремни за оваа ситуација и расположение. Голем број на жени мислат дека секојдневно ќе бидат воодушевени поради бебето, но за зал често се случува да бидат нерасположени или уморни и да чувствуваат вина за тоа пред бебето.” Вели Hilda Hučerson
Анкциозност
Пораѓајот сам по себе носи големи број на стресни емоции, но сепак тоа не е ништо во споредба со оној кога жената за прв пат излегува од болница со бебето и се насочува кон домот. Тоа секако е резултат на страв за она што би ја очекувало мајката дома, бидејќи секако е нешто ново за неа и по прв се сретнува со моментите како доење, менување пелени, многу малку сон и слично.
Стручните лица велат дека е премногу битно за сите мајки кои за прв пат се носат со улогата на мајка да бидат во контакт со жените кои веќе поминале низ истото искуство. Тие освен корисни совети ќе им дадат и мотивација и пример за тоа дека работите ќе се променат.
Изолација и меланхолија
Сама дома…
Без разлика колку долго жената го очекувала бебето, кога за прв пат ќе остане сама со бебето дома, може да се почувствува дека е изолирана од светот. Мајките кои на пример се породиле во декември и кои поради лошите временски услови не можат да излезат надвор со тукушто роденото бебе, се чувствуват многу повеќе осамено.
Меланхолија
Чувството на тага или немање на желба за ништо е сосема нормално во првите неколку недели после пораѓајот. Тоа се случува кога нивото на естроген и прогестертон нагло паѓаат. Наместо тоа се случува зголемување на хормонот пролактин кои дава сигурност за произведување на млеко. Се додека хормонскиот статус е ваков, мајките може да се чувствуваат тажно.
Жените можат да чувствуваат и постпородилна депресија и тоа посебно прворотките. Тоа е период на големи промени кога жената го оплакува веќе минатиот начин на живот и пробува да се адаптира на новонастанатата ситуација.
Доколку приметите дека долго време се чувствувате тажно, безнадежно или пак имате чувство дека не сте успеале да се поврзете со бебето и со остатокот од светот, голема е веројатноста дека имате постпородилна депресија. Доколку ваквата ситуација трае подолго време, би било добро за вас да се обратите на лекар.