Прва помош при сончаница: Како да му помогнете на детето?
Како да ги препознаете симптомите од сончаницата и како да реагирате и да му укажете прва помош на детето, не советуваат докторите.
Кога децата долго време си играат надвор по најголемата горештина, но и кога престојуваат во загреани и непроветрени простории, може да дојде до симптоми на прегревање затоа што внатрешниот “термостат” не успева да го разлади телото.
Како да препознаете дека вашето дете има сончаница и како да реагирате во тој момент не советуват докторите.
Симптоми на сончаница
Доколку сепак дојде до сончаница, важно е да ги препознаете симптомите и да превземете потребни мерки, а симптомите на сончаница се:
-главоболка
-вртоглавица
-мачнина
-исцрпеност
-повраќање
-загреана кожа наросена со пот, која станува ладна кога ќе се оттргне од сонце
-зголемен пулс
-зголемена температура
-некои деца може тешко да дишат
Како да реагирате кога ќе дојде до сончаница
Доколку забележите дека вашето дете има симптоми кои укажуваат на сончаница, пред се веднаш тргнете го од сонце. Единствен начин да му помогнете е да го разладите. Еве неколку начини како да го направите тоа:
-ако е можно, влезете во просторија во која е вклучен некој разладен уред или доколку има вентилатор (водете сметка просторијата да не е премногу разладена)
-доколку за тоа нема можност, одете во некоја “дебела” ладовина
-соблечете го детето
-наместете го детето да легне
-поставете нешто под нозете на детето, како крвта би “побрзала” во виталните органи – срце, плуќа и мозок
-детето квасете го со вода така што ќе намокрите пешкир со млака вода и со него ќе го освежувате, кога кожата е мокра, ладете го детето со лепеза
-ставете му на детето ладни облоги на врат, препони и под пазувите
-дајте му на детето течност, а ако е веќе дехидрирано, ќе помогне раствор Оросол и вода, кој е богат со електролити. Внимавајте да не му давате премногу на детето, туку само по неколку голтки на секои петнаесет минути
Како да ја превенирате сончаницата?
Се што е потребно е паметно излегување на сонце:
-делот од денот кога сонцето е најсилно – поминете го во ладовина или внатре, со разладен уред
-кога сте надвор, или на плажа, немојте да го држите детето во маица како би го заштитиле од сонцето, туку едноставно тргнете го на ладно
-задолжително е носењето на капа или шешир, но немојте да ги мокрите, па на детето главата да му биде разладена во текот на целиот ден
-одберете светла гардероба, која помалку привлекува сонце
-во текот на целиот ден давајте му на детето многу течности, најдобро вода
-ако одлучите да бидете на плажа кога е најтопло, погрижете се детето тогаш најмалку физички да троши, помалку да скока и да трча, подобро забавувајте го со некоја игра која исклучува физички напор
-често разладувајте го детето со вода – мијте го, наквасете му ја главичката но и екстремитетите, што секако ќе помогне да не дојде до топлотен удар
-не ги оставајте децата сами во кола, а колата држете ја заклучена, како на малечките не би им дошло на памет кога си играат да влезат внатре без прашање
Совет +
Во летните топлини облекувајте ги децата во најлагодна облека. Ако имате бебе облечете го во боди без ракави и никако немојте да му облекувате чорапи, а ако бебето не оди, немојте ни кондури. На постарите деца облечете им маица без ракави, кратки шорцеви, сандали. И бебињата и децата би требало да носат тенки, платнени шешири.