Прва помош кога страно тело ќе доспее во носот, окото, увото, устата или кожата на детето
Чести се ситуациите кога детето ќе стави стран предмет во носот, увото или ќе го проголта.
Во некои ситуации можете да помогнете, но постојат и ситуации кога е најдобро детето веднаш да го однесете на лекар.
Страно тело во носот
-мазно (копче, зрно, џамлија) – детето веднаш носете го на лекар.
Внимание: Никогаш немојте да пробате самите да го извадите страното тело од носот затоа што може да се лизне во душникот и да доведе до гушење. Детето нека дише на уста.
-хартивче – можете да го отстраните со пинцета, ако не отишло предлабоко.
Внимание: Кога детето има исцедок од носот со непријатен мирис од само една ноздрва, постои можност да ставило во носот некое страно тело. Посетете лекар.
Страно тело во окото
Доколку детето плаче постои голема веројатност дека самото ќе го исфрли страното тело, во спротивно со палецот и показалецот раширете ги капаците и отстранете го со марамица.
Доколку страното тело е забодено или прилепено на окото – окото покријте го со газа и детето одведете го на лекар.
Страно тело во ушите
-мал предмет (зрно, топче…) – детето одведете го на лекар кој со посебен инструмент ќе го извади страното тело.
Внимание: Никогаш немојте да го вадите сами, зато што постои можност да го пробиете ушното тапанче на детето.
Бубачки, мушички и сл. – Во увото истурете топла вода и почекајте инсектот да исплива. Доколку испирањето не е успешно, побарајте помош од лекар.
Страно тело во организмот
-мазно (копче, монета, коска) – страното тело самото ќе излезе низ столицата. Контролирајте ја истата се додека во неа не пронајдете страно тело.
-шилесто, остро или големо (игла, шајка…) – детето одведете го на лекар колку е можно побрзо.
Страно тело во кожата
-дрвце, трска…плитко во ткивото – нежно исчистете ја раната со топла вода и сапун. Стерилизирајте пинцета (држете ја кратко над оган) и потоа со истата извадете го страното тело. Притиснете ја раната да излезе малку крв. Исчистете го тој дел и залепете ханзапласт.
Внимание: Ако детето сеуште не е вакцинирано против тетанус, одведете го на лекар.
Ако страното тело се скрши во ткивото – не пробувајте да го извадите самите со остар предмет. Никогаш немојте самите да ги вадите страните тела кои се наоѓаат длабоко во кожата.