ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Првата бебешка насмевка
    Првата бебешка насмевка

    Првата бебешка насмевка

    Кога бебето почнува да се смее?

    Многу родители мислат дека бебето знае да се смее уште од првиот ден. Меѓутоа, ова не е точно. Бебето прави различни изрази со лицето, но во првиот месец тоа уште не знае да се смее.

    Првата бебешка насмевка најчесто се јавува помеѓу шестата и осмата недела. Кај некои бебиња тоа е малку порано, кај некои малку подоцна, но повеќето бебиња се смеат со навршени два месеци.

    Уште од самото раѓање бебето сака да комуницира и да ја имитира Вашата мимика. Тоа брзо учи и ќе му треба неколку недели да научи да се насмевнува. Бебето прави различни изрази со лицето и додека е во матката, но не е свесно како да го движи лицето. Тоа го вежба така што Ве гледа и пробува да Ве имитира.

    Ако сакате што побрзо Вашето бебе да се насмее, користете го времето кога е будно и расположено да му зборувате, правете различни изрази со лицето, како би можело побрзо да Ве израдува со насмевка.

    Поставете го бебето така што неговото лице ќе биде на околу 30 сантиметри пред Вашето. Кога бебето плаче и е нервозно не пробувајте, а разговорот оставете го за некоја наредна прилика.

    Веројатно кога е сито, суво и наспиено постојат моменти кога забележувате дека бебето внимателно Ве набљудува. Ако му се обратите или направите интересен израз со лицето, многу е веројатно дека ќе бидете наградени со насмевка.