ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Првите чекори
    Првите чекори

    Првите чекори

    Кога станува збор за одењето, многу е важно родителите со ништо да не избрзуваат. Моторичкиот развој на здравото дете се одвива потполно спонтано спрема природните закони на движење, а пробувањето да се “научи” детето на моторичките работи всушност може да му пречи на нормалниот развој на моториката.

    Кога бебињата проодуваат?

    Првите бебешки чекори се нешто што никој не сака да го пропушти, меѓутоа во стварноста не се работи за единствено случување. Моторичкиот развој и во овој сегмент се одвива постепено и способностите на детето се надоградуваат па навистина е тешко да се каже кога точно ги направило првите чекори.

    Обично на возраст до девет или десет месеци детето ги има извежбано сите фази на одење и мускулните групи во лежечка положба, така што сега може да се исправи, да ползи, да ја подига едната нога и преку став на клечење да се исправи со помош на предмети во стоечки став.

    Кон крајот на единаесетиот месец и во дванаесетиот месец 90% од децата почнуваат да одат на страна придржувајќи се за предмети. Повеќе од 50% од децата со полни 12 месеци одат слободно без придржување.

    Немојте да избрзувате

    Кога станува збор за одењето, многу е важно родителите со ништо да не избрзуваат. Моторичкиот развој на здравото дете се одвива потполно спонтано спрема природните закони на движење, а пробувањето да се “научи” детето на моторичките работи всушност може да му пречи на нормалниот развој на моториката.

    Ортопедите истакнуваат како проодувалките и сличните помагала за проодување во ниту еден случај не се препорачливи, а во некои земји веќе се и забранети.

    Докажано е дека проодувалките можат негативно да влијаат на моторичкиот развој на детето, а исто така можат да предизвикаат и различни деформации на торзото и екстремитетите. Докажано е и дека употребата на проодувалки е прилично опасна поради можните падови и трауми.