Прво патување со бебето: кое превозно средство да го одберете?
Патување со автомобил, воз, автобус или авион – дознајте нешто повеќе за она што на бебето највеќе му годи.
Ако би се рангирале превозните средства кои треба да ги користите за одење на одмор со бебето, предност би имало она со кое најбргу се стига до посакуваната дестинација. Меѓутоа, добро е секое превозно средство кое е удобно, безбедно и во кое бебето може непрекинато да ги задоволува своите потреби за храна, хигиена, спиење и забава кога е будно.
Автомобил
Во автомобилот е важно да се користи сигурносно авто-седиште. На прозорот каде што се наоѓа вашето бебе, ставете заштита од сонце, или пелена. Често проветрувајте го автомобилот, но така што воздухот нема да биде насочен директно кон бебето.
Во летниот период, разликата не би требало да биде поголема од 7-10 степени во однос на температурата надвор. Кога ќе правите пауза, пред влегувањето во автомобил треба да ги отворите сите врати и прозори, како би се избегнал врелиот воздух, или едноставно, вклучете ја климата неколку минути пред внесувањето на бебето во автомобилот.
Никогаш не го оставајте бебето само во автомобилот!
Возете пополека и правете пауза на секои 150-200 километри поради одмор.
Никогаш не патувајте сами со мало дете. Покрај возачот би требало да патува уште една возрасна личност, која цело време ќе внимава на детето.
Авион
Заблуда е дека на бебињата не им годи летот со авион. Напротив, со него најбргу се стига, а бебињата добро го поднесуваат, само треба да посветите внимание на притисокот во ушите при полетувањето и слетувањето на авионот. Тогаш на бебето му се дава да цица, да пие од шише или да користи цуцла, зависно од тоа што користи во секојдневната нега и исхрана. Во рачниот багаж треба да се понесе и топла гардероба, затоа што во авионот знае да биде прилично ладно.
Автобус
Ако се одлучите за патување со автобус, најдобро е да патувате преку ноќ, како патот би прошол во спиење. Торбата со алишта за бебето држете ја покрај себе, за се што може да ви затреба за бебето да ви биде при рака.
Воз
Возот е прилично добар избор, особено доколку имате соба за спиење. Меѓутоа мора да мислите и на можноста за долго задржување во нашите услови. Со оглед на тоа секогаш добро доаѓа малку повеќе храна и вода.