ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Првото тромесечие: 6 причини поради кои се јавува крварење во бременоста
    Првото тромесечие: 6 причини поради кои се јавува крварење во бременоста

    Првото тромесечие: 6 причини поради кои се јавува крварење во бременоста

    Првото тромесечие: 6 причини поради кои се јавува крвавење во бременоста

    Иако поголемиот број на трудници кога ќе се воочат со крварење во бременоста веднаш помислуваат на најлошото. Крварењето во првите неколку месеци од бременоста може да се појави од повеќе причини, а не се врзани со загриженост.
    Дури 9 од 10 жени кои крвареле во бременоста на свет донеле здрави бебиња.
    Секое крварење во бременоста побарува консултација со гинеколог. Доколку крварењето е оскудно посетете го докторот со што би направиле дополнителни и потребни прегледи, а доколки крварењето е обилно и пропратено со болки, а вие се чувствувате лошо и имате вртоглавици, потребно е да побарате итна помош.
    Ова се неколкуте причини поради кои може да настане крварење во бременост.
    1. Имплантациско крварење во бременоста
    Доколку се соочите со оскудно кафеаво или роце боја крварење, веројатно се работи за имплатациско крварење кои најчесто се јавува во раната бременост и може да се појави за време на очекуваниот месечен циклус.
    2. Периовулациско крварење
    Ова крваење е слично на менструалното крварење само малку по оскудно и има боја која варира од црвена до кафена. Исто така може да се појави и во време на очекувана менструација.
    Хормоните во бременоста имаат за задача да ја спречат менструацијата но кај некои жени хормоните се малку поспори па тоа предизвикува крварење во првите месеци од бременоста.
    3. Ерозија на грлото на матката
    Ерозија на грлото на матката се јавува од причина што грлото на матката се менува, станува помек и осетлив на инфекции. По правило знае да предизвика крварење. Доколку воочите крврење потребно е да одите на лека за да се провери која е причината за ерозија на грлото на матка, која може да биде предизвикана од инфекција но дури и од рак.
    4. Полип
    Некогаш крварењето можеше да биде поттикнато и од доброчудни израстови како што е полипот. Доколку вашиот доктор види дека имате полип нема да го вади се додека сте бремени, бидејќи често се случува спонтано повлекување по породувањето.
    5. Спонтан абортус
    Обилно крварење во бременоста е симптом кој бара итна медицинска помош. Може да биде предизвикан спонат абортус пропратен со обилно крварење и силни и остри болки во долниот дел на стомакот дополнето со вртоглавици.
    6. Вонматерична бременост
    Она што се случува кога оплодената јајце клетка се развива надвор од матката се вика вонматерична бременост. Во овој случај бебето не може да се развива од причина што операцијата е нужна а бременоста на жалост не може да се продолжи.
    Без разлика на причината, секоа вагинално крварење во бременоста подразбира консултација со надлежниот лекар.