
Психофизичка припрема за породувањe
Како и секој друг природен процес, породувањето претставува една од физиолошката функција во женскиот организам и би требало да биде безболен. Контракциите во матката, потребното истискување на плодот не би требало да бидат болни.
Се смета дека породувалната болка е редовна појава. Утврдено е дека сепак 10-15% од жените имале породување без големи болки.
Психофизичка припрема за породување зависи од психичката и физичката припрема на жената за породување.
Постојат 3 причини кои доведуваат до болно породување а тие се:
– Страв – проследено со душевна напнатост
– Грч – стравот доведува до напнатост на сите мускули па мускулите на матката се во ниво на тој грч
– Болка – поради напнатост мускулната болка станува уште појака.
Доколку се оттргне стравот и напнатоста на мускулите ќе се оттргнат и болките а со тоа ќе постигнеме запознавање на трудницата со:
– Текот и механизмот за породување, механизмот на дишење и мускулната релаксација за време на породувањето.
На овој начин доведуваме до укинување на условно болен рефлекс, жената која се пораѓа има активен став во текот на породувањето, што подразбира добра комуникација со бабицата и акушерот.
Како се постигнува психофизичката припрема за породување?
Психофизичката припрема на трудницата за породување се постигнува со телесни вежби и теоретски часови. На теоретските часови трудниците се запознаваат со основните елементи на физиологијата на трудницата, со текот на механизмот на породување, мускулната релаксација и вежбите со дишење.
Трудниците вежбаат одредени типови на дишење, кои се припремаат за процесот на породување, како да се релаксираат помеѓу контракциите, а одредени физички вежби ја зајакнуваат одредена група на мускули кои во бременоста посебно се оптеретени: нозе, грб, стомак или мускули кои директно учествуваат во породувањето (мускули на дното на карлицата).
Важноста на улогата на идните татковци.
Курсевите за психофизичка припрема за породување е пожелно да ја посетуваат и мајките и татковците. Идеално би било кога мажот би помагал во самото породување. Тоа е важно искуство за двајцата и би било добро да се сподели. Да се биде во сала за породување без припрема би можело за таткото да биде неудобно искуство. Затоа е многу битно да има припрема на двајцата партнери за породувањето. На курсот мажот треба да научи како да помогне на жената за време на породувањето.
Без разлика дали мажот ќе присуствува на породувањето или не, треба да се отиде на курс за парови, бидејќи на тој начин таткото улогата на таткото ќе ја почувствува вистински, а помалку како беспомошен посматрач. Тој веројатно ќе стане и поемотивен и поврзан за своето дете.