• Нема производи во кошничката.
a
  >  Практични Мајки   >  Психологија и доење
Психологија и доење

Психологија и доење

Дебатите за доењето постојат веќе со децении, но најголемиот интерес го достигнаа кога интернетот стана достапен за сите. Секој станува стручен за таа област (а и за многу други) и си дозволува да објавува, коментира и дели совети без некое посебно знаење и искуство. Поради тоа, би било добро да се побијат некои митови за доењето, а при тоа да се држиме до стручни и проверени извори на информации.

Иако здравствениот бенефит од доењето е општо познат (смалување на смртноста од инфективните болести кај новороденчето, смалување на гастроинтестинални и респираторни проблеми кај бебињата кои се доени најмалку 6 месеци итн). Да претставиме некои ефекти кои ги има доењето на психичкиот живот на мајката и детето:

Мајките кои дојат, за разлика од мајките кои го хранат детето со шише се:

1.Подобри во препознавањето на емоционалната состојба на своето дете,

2.Почувствителни за детските потреби ( навреме и на вистински начин реагираат на нив, што е поврзано со подобар емоционален, морален и социјален развој на детето),

3.Почесто применуваат физички контакт во текот на играта со детето.

Ефектот од доењето влијае на детскиот развој:

1.Децата кои се доени повеќе од 6 месеци покажуваат смалена хиперактивност (ефектот се забележува ако доењето траело до 12 месеци, и кај децата со умерени симптоми),

2.Продолженото доење (подолго од 4 месеци) поврзано е со помало влијание за јавување на пореметувања во однесувањето кај децата и адолесцентите.

Должината на доењето е поврзано со развојот на социјалните компетенции.

Науката може да ни даде одговори на многубројни прашања и да ни помогне да разјасниме одредени нејаснотии, но може и дополнително да не збуни. Што значи тоа? Јасно е дека самата близина на мајката и детето во текот на доењето, влијае на формирање на единствена врска помеѓу нив, создавајќи кај детето чувство на сигурност, прифаќање на трајна поврзаност, но ова може да ни го каже секоја баба на улица. Прашањето кое денес се провлекува по различни весници е “Колку долго?”, и секако сите имаат свое мислење и не се срамат да го кажат. Она на што треба да се верува е науката, а таа вели-најдобро е 6 месеци до една година, а нема да пречи и до 2 години. Индивидуалниот пристап е секако неизбежен, па се препорачува во согласност со параметрите кај детето, да се воведе и редовна храна која постепено ќе го замени доењето.