ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Психологот Рос Грин советува: Дисциплинирајте го вашето дете во само три чекори
    Психологот Рос Грин советува: Дисциплинирајте го вашето дете во само три чекори

    Психологот Рос Грин советува: Дисциплинирајте го вашето дете во само три чекори

    Поразговарајте со вашите деца и дознајте зошто прават некои работи.

    Рос Грин, револуционерниот психолог, опишува однос во 3 чекори кој родителите треба да го имаат со своите деца и како да влијаат, а да не спроведуваат контрола над нив.

    Според него, овие три чекори ќе ви го олеснат животот

    Чекор 1

    Овој чекор подразбира родителите на детето да му поставуваат многу прашања за да разберат зошто не ги исполнуваат очекувањата. Таквото однесување е последица на игнорирање на важните работи, вели Грин.

    Од суштинско значење за родителите е да дознаат што е основата на секој проблем.

    Чекор 2

    Ова е чекор во кој родителите можат да објаснат зошто треба да се оди во кревет во одредено време или зошто е добро да се јаде зеленчук. И што е уште поважно, до ова доаѓа откако детето веќе одбило да го направи тоа.

    Чекор 3

    Ова е воедно и најважниот чекор и претставува пронаоѓање на проблемот.

    Родителите можат да предложат решение и да го повикаат детето да учествува во тоа. Најважниот фактор е решението да биде прифатливо за двете страни, инаку нема да се дојде до решение.

    Ако детето не го сака вкусот на одредена паста за заби, родителот може да проба други ароми и да ја пронајде онаа која на детето му е попријатна.

    Ако детето не сака да оди во кревет на време, родителот може да ги сослуша причините поради кои тоа се случува и да се обиде да го пополни времето пред планираното одење во кревет со некоја активност која ќе го измори детето.

    После тоа детето ќе отиде на спиење многу полесно, отколку кога не му се спиело.