ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Психолозите откриваат како децата влијаат на бракот
    Психолозите откриваат како децата влијаат на бракот

    Психолозите откриваат како децата влијаат на бракот

    Еден од најраспостранетите митови е дека децата се среќата во бракот. Но, што мислат психолозите на оваа тема прочитајте подолу…

    Доколку сакате среќна и долговечна заедница, да прославите златна или барем сребрена свадба, немојте да имате деца. Вака звучи контраверзниот совет кој го дава Метјуи Џонсон професор по психологија на Државниот универзитет во New York и автор на триесет годишно истражување кое неодамна беше објавено во листата “Гардијан”.

    Водејќи се од заклучоците донесени од студијата, професорот Џонсон трвди дека децата за претставуваат среќа во бракот е еден од најголемите митови. Психолошкото истражување покажува дека односот помеѓу родителите станува многу покомплициран во моментот кога децата ќе дојдат на свет. Доколку се направи споредба на парови кои имаат деца и оние кои немаат потомство, психолозите заклучиле дека степенот на задоволство помеѓу брачните другари кои се со деца е помал од колку на оние кои немаат и тоа влијае на сите сфери во нивните животи. Но, најмало задоволство е кај оние парови кои децата дошле сосема непланирано. 

    Со доаѓање на децата во семејството се менува и целата динамика и начин на живот на двајцата партнери и тоа е еден од најголемите шокови кои се случуваат. Партнерите почнуваат да се оддалечуваат еден од друг и целата енергија ја инвестираат во бебето. Нивните дневни активности се сведуваат на хранење, бањање, шетање на бебето или носење на разни активности кога ќе потпорасне. Самиот партнерски однос мора да трпи бидејќи сопругата станува мајка која до вчера била страствена љубовница на својот партнер а денес е исцрпена и хронично ненаспана мајка која се помалку има желба за интимни односи со својот партнер. Партнерите кои до раѓањето на своето дете можеби си оставале еротски пораки еден на друг, сега во главно се потсетуваат еден со друг да не заборават да купат чај за грчеви, крема за бебето , пелени и слично, вели Метју Џонсон. 

    Тој додава дека најголемиот број на мајки жалат за тоа дека после нивниот пораѓај влегле во социјална изолација или биле приморани да ја прекинат кариерата или кариерниот развој. Ако на сето ова ја додадеме и постпоридлната депресија и партнерскиот однос, не е ни чудно што бројот на жени кои не сакаат да станат родители или го одлагаат моментот се зголемува. За тоа зборуваат и следните факти дека во 1976 година 33% од Американките на возраст од 15 до 44 години биле без деца а во 2010 година тој процент е пораснат на 49%.

    На прашањето насочено кон психологот и психотерапевт Небојша Јованович, како тој реагира на ваквиот став вели:

    “Се што е вредно е тешко, а бидејќи децата се нешто највредно што може да го добиете во животот, логично е и да родителството е најтешката животна задача кои бара голем број на откажување, жртви и компромиси. Но, често се смета дека и покрај сите овие тешки животни задачи кои ги носат деца сепак е и најубавата работа во животот. Прашањето е дали ние луѓето, пред да станеме родители сме спремни на ваков чекор, кој истовремено е многу убав, комплициран и тежок или сакаме да го исполниме животот со други соодржини како патување и забава”, вели Јованович.