Психомоторен развој на бебе – 7 месеци
Бебето ги прави последните припреми за да влезе во овој свет: ги вежба мускулите кои ќе му го држат целото тело, но сето тоа уште го прави во лежечка состојба.
Психомоторен развој
Во текот на седмиот месец, детето има голема желба да се движи. Во положба на стомак, тоа го поместува тежиштето кон задниот дел од телото, потпирајќи се на дланките и колкчињата. Настојувајќи да се движи напред, се поместува наназад. Ако од страна му подадеме играчка, ќе ја подигне едната рака за да ја фати, поместувајќи ја тежината на телото на страна и потпирајќи се на едната дланка и на карлицата. Детето со леснотија фаќа и преку средината на телото.
Во положба на грб, новороденчето се труди да го запознае своето тело. На крајот од седмиот месец, ги става стапалата во уста, при што ги истегнува пршлените на слабината. Спротивен ефект се постигнува со пасивно седење на детето (кичмениот столб трпи притисок, особено во долниот дел), што може да има штетни последици. Пред да направи седум месеци, бебето сеуште не може самостојно да седи, затоа што без да се потпре е нестабилно и може да се преврти. Тоа значи дека може пократко време да седи навалено (во количка, седиште за автомобил), но сеуште е рано за столче за хранење.
На оваа возраст, бебето активно се превртува од грб на стомак и обратно (ако вашето седуммесечно бебе “паѓа” од грб на стомак, посоветувајте се педијатар).
Бебето има наизменични страни на наслонување или страна на која си игра, во зависност од тоа на која страна се врти. Долната страна има улога на стабилност при вртењето, подоцна за одењето, додека горната страна е за фазата за играње а подоцна за одење.
Во просторот почнува да ги забележува и предметите на поголема оддалеченост. Така детето може да ги дофати играчките кои ги пуштило и тоа во лежечка положба или седејќи во вашиот скут.
Бебето покажува недоверба спрема новите личности, понекогаш тоа е страв – кој се манифестира со плачење кога ќе се најде во непозната средина.