ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Психомоторен развој во шестиот месец од животот на бебето
    Психомоторен развој во шестиот месец од животот на бебето

    Психомоторен развој во шестиот месец од животот на бебето

    Околу првите шест месеци бебето од положба на стомаче се повеќе се подига, се потпира со испружени раце на дланките, додека тежината на телото се поместува накај карлицата. Бутчињата се раширени, потколениците свиткани во колената и подигнати во височина. Ако вашето бебе во оваа положба не може потполно да ги отвори дланките или не може да ги испружи рацете пред градниот кош, посоветувајте се со педијатар.

    Во шестиот месец доенчето додека лежи на грб ги фаќа своите стапала и си игра со нив. Така го подигнува газето од подлогата на која лежи, истегнувајќи ги слабинските пршлени и ги зајакнува стомачните мускули. Ова е одлична подготовка за стабилност на ‘рбетниот столб, кој во следниот период треба да ја превземе тежината на телото. За бебето од шест месеци оваа положба е покорисна отколку  да се стави  во седечка положба, која го намалува тренирањето на стомачните мускули и непотребно прави притисок на слабинските пршлени.

    На шест месеци детето ги фаќа играчките преку средината на телото на другата страна, со поместување на тежината на телото на колковите. Така, ја подигнува главата бочно, додека долната страна му дава потребна стабилност, а нозете се движат во автоматизам на чекорење. Ако продолжи во таа насока, ќе биде во состојба да се сврти од грб на стомак. Играчката ја фаќа прво со целата дланка, потоа ја врти во рацете, движејќи ја постепено кон средниот прст и палецот.

    Предуслов за тоа е губењето на рефлексот на фаќање. Ако тој во овој период и понатака постои, посоветувајте се со педијатар. Немојте да користите скокалка за бебиња, затоа што може да ја поремети диференцијата во нозете на детето (наизменични движења како чекорење).

    Моторниот развој на доенчињата го прати и развојот на просторното наблудување/забележување. Бебето сега ја забележува висината и длабочината, ако седејќи во вашиот скут ја пушти играчката на подот, тоа ќе гледа по неа и ќе се свиткува се додека не ја фати. Видлива е промената и во контактот со луѓето. Бебето до сега не правело разлика помеѓу познати и непознати лица, но во шестиот месец почнува да покажува воздржаност, па и страв кон непознатите лица. И своето лице во огледалото го гледа со скептицизам. Затоа кога ќе види сакано лице ќе се радува и ќе гуга, повторувајки слогови како ба-ба, та-та, да-да, но тоа нема некое значење. Кога ќе направи шест месеци и рефлексот на цицање ќе го снема.