ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Пукање на водењакот
    Пукање на водењакот

    Пукање на водењакот

    Во филмовите породувањето традиционално започнува со пукање на водењакот и брзање во болница, но како ситуацијата се одвива во стварниот живот? Кај некои жени породувањето ќе започне пред да пукне водењакот додека кај други тој ќе пукне пред почетокот на породувањето. Во двата случаи, пукањето на водењакот ги претставува последните моменти од бременоста и чекор поблиску до средба со бебето.

    Што е водењак?

    Водењакот е назив за мембранската кеса која се наоѓа во матката. Оваа кеса содржи плодова вода –  безбојна течност која го штити бебето на повеќе начини: делува како механичка заштита за бебето од надворешни удари и врева, потоа го штити бебето и матката од инфекции, а има и важна улога во развојот на внатрешните органи, како што се плуќата и бубрезите.

    Пукањето на оваа мембранска кеса го означува “пукањето на водењакот” затоа што амнионската течност, односно плодовата вода тогаш може да истече низ вагината.

    Кога пука водењакот?

    Ова обично се случува на крајот од првата фаза на породувањето. Кај 10% жени водењакот пука пред да започне породувањето, а за 2% од нив пред терминот или пред 37 недела од бременоста.

    Што кога водењакот ќе пукне прерано?

    Најважната работа е да не кревате паника. Без разлика дали плодовата вода малце ќе исцури или добро ќе протече, употребете пешкир за заштита. На овој начин полесно ќе видите каква е бојата на течноста која најверојатно ќе биде благо жолтеникава со можност за појава на мала количина на крв.

    Што да правам кога ќе ми пукне водењакот?

    Без оглед на тоа дали породувањето започнало или не многу е важно да се јавите на лекар што е можно побргу, затоа што со пукањето на водењакот бебето е послабо заштитено од инфекции. Вашиот гинеколог или друго медицинско лице ќе провери дали вие и вашето бебе сте добро и дали можеби не губите урина (што е многу често во поодмината фаза од бременоста). Запаметете дека ова треба да го констатираат лекари, а вие концентрирајте се да стигнете до нив без да носите пребрзи заклучоци.

    Што ако породувањето сеуште не започнало?

    Ако е помината 37 недела од бременоста во предвид може да дојде и моментална индукција, чекање 24 часа на индукција или чекање породувањето да започне природно. Секоја од овие опции има свои добри и ризични страни.

    Индукција:

    Предноста на индукцијата е дека се намалува веројатноста на појава на инфекција како и потребата бебето да прима антибиотици после породувањето. Главна мана е тоа што една медицинска интервенција со себе повлекува друга и бара подолго набљудување од страна на лекар.

    Чекање 24 часа:

    Кај околу 60% од жените кај кои е пукнат водењакот породувањето настапува спонтано во рок од 24 часа. Во текот на овој период потребно е да се мери температурата на секои 4 часа. Да се набљудуваат било какви промени во вагиналниот секрет и да се пратат движењата на бебето. Ако одлучите да чекате по прскањето на водењакот веројатно ќе морате да останете во болница подолго по породувањето затоа што е потребно да се утврди дека бебето нема никаква инфекција.

    Чекање да настапи природно породување:

    Оваа опција има најголем ризик затоа што се зголемува ризикот од настапување на инфекција како и опасност по бебето. Болниците обично не чекаат подолго од 24 часа после пукањето на водењакот да започнат индукција. Баш поради ова е важно кога ќе се појават сомнежи за пукање на водењакот веднаш да се јавите на лекар и да одите во породилиште.