• Нема производи во кошничката.
a
  >  Практични Мајки   >  Пушење цигари пред деца: Еве што се случува во телото на децата и кои се последиците!
Пушење цигари пред деца: Еве што се случува во телото на децата и кои се последиците!

Пушење цигари пред деца: Еве што се случува во телото на децата и кои се последиците!

Пушење цигари пред деца: Еве што се случува во телото на децата и кои се последиците!

Шансите за смрт од бели дробови на возрасни непушачи е многу поголема доколку растеле покрај родители пушачи, покажале американски истражувања,
Членови на Американско здружение за борба против рак заклучиле дека пасивното пушење во детство резултира со смртност од 100.000 возрасни непушачи годишно. Ова е резултат на студија направена на 70.900 возрасни непушачи.
Стручните лица велат дека најдобриот начин да го заштитите детето од лоши последици од пушење е да престанете со пушење.
Важно влијание врз развојот
Од порано е познато дека децата чии родители се пушачи имаат поголема опасност од развој на астма и дека нивната плуќа се развива поспоро. Американската студија покажала дека последиците од пасивното пушење го чувствуваат и во повозрасните денови. Најчесто резултира со хронична опструктивна болест на плуќата, но и бројни други хронични болести.
Еден од авторите на студијата Др. Рајан Дајвер вели:
“Ова е прво истражување кое упатува на поврзаност помеѓу изложеноста на децата на пасивно пушење и смртта од хронични опструктивни болести на плуќата во средна или стара животна доба. Студијата дополнително поттикнува на намалување на изложеноста на децата пред луѓе кои пушат цигари.