ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Практични Мајки   >  Работни часови на една мајка
    Работни часови на една мајка

    Работни часови на една мајка

    Работни часови на една мајка

    Мајчинството претставува склоп на многу, многу работи испреплетени и соединети во едно. Забавно и предизвикувачки, убаво, понекогаш незгодно, исцрпувачки и исполнето, возбудливо и напорно, со еден збор, лудо.
    Кога говориме за исцрпеност во сегментите на мајчинството, еве што велат истражувањата:
    Според американски студии, мајките неделно во просек работат по 98 исцрпувачки часа. Тоа би значело 14 саати на ден. За мајките скоро и да не постои викенд кој ќе може да им понуди релаксација и да можат да се одморат од својата “работа”.
    Според ова истражување, кое е направено врз основа на 2000 мајки-испитаници кои имаат деца на возраст од 9 до 12 години, утврдено е дека мајките најчесто стануваат околу 6:23 часот наутро и не престануваат да работат се до 20:31 часот вечерта. Ви звучи познато? Ваквата состојба и ситуација не ви се случува само вам, доколку ви е за утеха вака е и во останатите земји.

    majka i dete

    Резултатите од истражувањата нагласуваат колку е напорна улогата на мајка и дека таа е сочинета од безброј различни задачи.
    Според добиените резултати од истражувачката анкета, мајките имаат среќа доколку во просек, одвојат еден час и 7 минути за себе секој ден.
    Четири од десет испитани мајки, се изнајсниле дека нивниот живот претставува непрекидна низа на задачи кои се повторуваат во текот на цела седмица.
    Како дел од студијата од мајките било побарано да се наведе и свој таканаречен, “појас за спасување”, поточно да се наведат сите оние мали работи кои помагаат мајчинството да биде повеќе подносливо.
    За некои мајки, тоа е апарат за кафе и 10 минутен разговор со некој пријател или пак возрасен, за други средбата со својата мајка, затоа што без разлика на годините, секоја мајка е расположена и може да ви пружи поддршка.
    Што се однесува на студијата, како најважни ставки на списокот за одржување на здравиот разум, мајките ги навеле следните работи:
    • Влажни марамчиња и беби марамчиња–за да се исчисти целиот хаос со децата и да се намали работата околу нечистите пелени
    • Таблет или ТВ емисија за деца – кога ви треба 5 минути тишина.
    • Куќна достава за храна – затоа што навистина е тешко да се готви секој ден
    • Помош од баба или дедо, како замена за бебиситери – затоа што секогаш добро доаѓа да се додаде уште некој пар на раце.
    Многу е веројатно дека мајките, без разлика во која и земја да живеат, можат да се идентификуваат со овој список на ситници кои би помогнале за да се одржи здравиот разум.
    Не е едноставно да се поминува време со деца. Во исто време да се грижите за нив, да готвите здрава храна, да се одржува хигиената во домот а на сето тоа да се додадат и работните обврски.
    Работниот ден на мајките кој трае 14 часа, звучи навистина исцрпувачки. Но тој и навистино тоа и е. Сепак, мајките поради љубовта кон своите деца се спреми да направат многу жртви но и да истраат, да ги пораснат своите малечки во здрави и среќни луѓе.
    Времето кое го немате за себе, кафето со пријателите на кое никако да се стигне – се се тоа мали постапки кои мајките ги прават поради своите деца.
    Но не се загрижувајте, сето тоа проаѓа брзо. Вашите малечки за час ќе пораснат во зрели личности. А до тогаш, секогаш постои добро кафе, многу кафе.