РАЃАЊЕТО НА ДЕТЕТО КАКО СПАС ЗА БРАКОТ-НАЈГОЛЕМА ГРЕШКА КОЈА МОЖЕ ДА ЈА НАПРАВИТЕ
Во момент на очајување, гледајќи дека несогласувањата стануваат подлабоки, многу парови мислат дека детето е решение. Дали е?
Кога работите во бракот ќе тргнат низбрдо, може да ви дојде на памет дека раѓање на дете ќе биде врска помеѓу вас и партнерот, дека ќе го зајакне вашиот однос и ќе ве спаси од развод. Можеби делува логично, но раѓање на дете како лек за брачните проблеми е голема грешка, во тоа нема сомневање…
Најдобар совет кој може да ви го дадеме во врска со оваа тема е да ги поместите плановите за раѓање на дете, се додека односите помеѓу вас не се нормализираат. Постојат многу аргументи за ваков совет. Ќе наведеме некои од нив:
Зошто не треба да родите дете ако односите помеѓу партнерите се нарушени?
На прво место, детето треба да се роди во амбиент полн со љубов и почитување. Родителите долго ќе бидат пример кој децата ќе го следат, затоа во семејството треба да владее мир, така што детето емотивно ќе се развие на прав начин, но и да може да се развие во јака личност и да биде стабилно. Ако меѓу родителите нема слога, можно е детето кога ќе порасне да има проблеми да се поврзе со други луѓе.
Ако мислите дека односите со раѓањето на детето ќе се подобрат, се лажете. Постои голема шанса да се влошат. За одгледување на дете, неопходно е родителите да бидат усогласени. Ова е голем предизвик, дури и за родителите кои не се во криза, а за оние кои имаат проблеми, е невозможна мисија.
Сепак, овие несогласувања лесно може да се надминат кога партнерите се сакаат и добро се сложуваат. Кога се работи за партнери кои имаат лоша комуникација, несогласувањата може да се претворат во права војна, каде што детето ќе биде сведок на честите кавги. Затоа пред да одлучите да имате дете, уверете се дека имате добра комуникација со партнерот и дека несогласувањата успешно ќе ги решите со разговор.
Последици кои ги трпат децата кои растат без љубов
Ако сакате да го спасите бракот побарајте друго решение.
Едно од најдобрите е заедно со партнерот да отидете на терапија во брачно советувалиште, за да може тој да ви помогне за подобра комуникација и изразување на емоциите. Кога ќе ги решите проблемите кои ги имате во бракот, можете да размислувате за тоа да работите на планови за принова.
Ако не успеете да го распламтите жарот на љубовта, односно ако сте свесни дека дошол крајот на вашата врска која не може да се обнови, нема иднина за вашиот брак, бидете храбри, силни и стрпливи и тргнете по различни патишта.
Ако ги занемарите нашите совети и сепак решите да забремените за да го спасите вашиот брак, единствено што ќе направите е дека ќе донесете на свет дете, кое ќе расте во напната атмосвера, полна со фрустрации и сето тоа може да се пренесе на неговото оформување како личност.
Сигурно е дека и после раѓањето на детето ќе посакате развод, но тогаш на памет ќе ви дојде следното: несакам тоа да го направам поради детето. Со тоа ќе ја продолжите агонијата, а крајното решение ќе биде исто. За тоа време, вашето дете ќе живее во дом во кој има кавги, лоши вибрации, нервоза, фрустрации и ќе расте во дом каде што нема љубов.