Разбудете ја емпатијата кај вашите деца
Разбудете ја емпатијата кај вашите деца
Емпатијата не е само разбирање туку и почитување на туѓите чувства, како и способност да се одговори адекватно, а за тоа што е адекватно однесување одговор имаат возрасните емпатични луѓе.
Доколку сакате и вашето дете да бидет такво, покажете интерес за работите кои му важни на детето. Одговарајте на неговата емоција, бидете грижливи, љубезни и нежни.
Кога вашето дете ќе сфати на кој начин другите ги задоволуваат неговите емоционални потреби, детето ќе научи како тоа самото да ги задоволи емоционалните потреби кај останатите луѓе и што е најважно, ќе научи дека емпатијата е двонасочен процес.
Вие, можете и со малите деца да разговарате за чувствата и реакциите на другите луѓе. Објаснете им го значењето на зборовите, лутина, бес, љубомора, љубов, нагласете дека одговор на секое од овие чувства може да биде негативен и позитивен. Потсетете се на ситуации во кој се појавуваат овие чувста, научете ги да ги почитуваат туѓите емоции и како да постапуваат кога некој очекува нивно сочуство. Објаснете им дека и на возрасните може да им биде тешко, дека и тие знаат за тага и дека им е потребна утеха исто како и на децата. Тука може да ви помогнат сликовници и детски книги, цртежи, фамилијарни филмови и филмови за деца, играчки, па дури и ситуации од секојдневниот живот.
На пример, доколку видите возило на итна помош со вклучена ротација, објаснете му на детето дека лекарите во моментот се борат за нечиј живот или здравје и дека семејството на пациентот/пациентката во моментот се исплашени и загрижени.
Доколку видите дете во паркот како си ја бара изгубената играчка прашајте како би се чувствувало доколку му исчезне неговото омилено мече и што би направило во таква ситуација како и што би очекувало од своите браќа, сестри или пак случајни минувачи.
Не очекувајте некој да ја заврши работата за вас, бидејќи вашето дете во животот ќе се сретне со луѓе кои не ги покажуваат своите емоции и со луѓе кои патат од емпатија. Доколку сакате да расте со добри луѓе кои прават јасна разлика помеѓу она што е добро и она што е лошо, вие морате да го научите вашето дете и да му објасните како нивното однесување влијае врз другите.
Припремете го за тоа дека добрината нема секогаш да му биде возвратена и дека на себичните луѓе секогаш ќе им биде подобро него нему, дека некои врсници, а подоцна и возрасните кои водат сметка за своите интереси и има шанса да се поуспешни.
Доколку му ја всадите емпатијата на вашето дете, тоа суштински никогаш нема да му биде важно бидејќи тој човек за разлика од останатите ќе биде комплетна, зрела и сочуствителна особа.