• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Размазете го бебето, но умерено !
Размазете го бебето

Размазете го бебето, но умерено !

Нема мајка која нема да дотрча кога нејзиното бебе ќе заплаче, и ќе го земе во прегратка за да го смири. Но, секој пат кога со прегратката го смирувате бебето, сигурно се прашувате да не претерувате со загриженост и дали така ќе го размазите бебето.

Стручњаците тврдат дека не е возможно да го размазите бебето. Физичкиот контакт и вниманието ќе му обезбеди чувство на сигурност на вашето бебе. Меѓутоа, треба да се направи разлика помеѓу умерената грижа и задоволувањето на физичките и емотивните потреби на бебето. Како да ја најдете правата мерка? Држете се за овие правила и нема да погрешите!

Научете го само да си игра

Повеќето бебиња почнуваат да плачат кога мајката ќе ги пуштат од својата прегратка, меѓутоа тоа не значи дека мајката треба да му робува на своето бебе.

На возраст од околу три месеци почнете да го оставате само на ќебенце или лежалка, но не повеќе од неколку минути. Немојте да се одалечувате од неговиот видокруг и цело време зборувајте му. Секој ден се повеќе одалечувајте се и продолжувајте го времето.

На возраст од шест месеци, би требало веќе да може само да се забавува во столица за хранење или во оградичка, околу петнаесет минути. Обезбедете му доволно играчки и не го испуштајте од вид.

Научете го само да заспие

После четвртиот месец, веќе нема потреба од ноќно хранење. Како ќе го научите да ја преспие цела ноќ? Прво и основно, немојте да дозволите бебето да ви заспие на раце. Кога ќе приметите дека бебето е поспано, спуштете го во креветчето и останете покрај него додека не заспие.

Ако се разбуди и заплаче, пријдете му и смирете го, но не напуштете ја просторијата додека е сеуште будно. На тој начин, во случај да се разбуди сред ноќ, многу брзо ќе сфати дека се наоѓа во пријателско опкружување, и нема да се исплаши, па повторно ќе заспие.

Оставете го нека се буни малку!

После четири месеци, веќе не морате да трчате секој пат кога вашето бебе ќе заплаче, проценете дали е неговото плачење оправдано и тогаш огласете се. Во останатите случаи кога плаче затоа што му е досадно или поради тоа што е осамено, задоволете ги неговите емоционални потреби и правете му друштво.

Ако нонстоп скокате и го земате детето во прегратка и кога треба и кога не треба, ќе му направите лоша навика, па немојте после да се жалите дека не можете да го одлепите од себе.

Направете му ред во исхраната

Повеќето стручњаци се согласуваат дека бебето треба да се научи на ред во исхраната додека направи четири месеци. Тоа значи дека треба да направите распоред на оброците во еднакви временски периоди.

Ако бебето заплаче пред да му дојде времето за оброк, не значи дека е гладно. Пробајте да го смирите на друг начин, само не со храна. Ако се придржувате кон ова правило, детето ќе стекне навика секогаш да јаде во одредено време.

Растојаниете помеѓу оброците утврдете го според апетитпт на бебето. Важно е детето да биде нахрането тогаш кога е гладно, а не кога плаче или од некои други причини.

 Одредете ги правилата на однесување

Кога бебето ќе почне да лази или ќе се движи на некој друг начин, морате јасно да му дадето до знаење што смее а што не смее. Ако приметите дека го влече чаршафот, или фаќа електричен кабел, реагирајте така што јасно и гласно ќе му кажете “не!”, а потоа свртете му го вниманието на некоја друга активност (земете го во прегратка и заедно гледајте слики и сликовници).

Повторувајте ја командата “не!”, се додека детето не сфати дека нешто не смее да го направи, а дека сфатило ќе знаете по тоа што додека го прави тоа што му е забрането, гледа во вашиот правец очекувајќи ја вашата реакција.