ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Разумна физичка сила: Уште една земја во која на удирањето на детето ќе се гледа како на казнено дело
    Разумна физичка сила: Уште една земја во која на удирањето на детето ќе се гледа како на казнено дело

    Разумна физичка сила: Уште една земја во која на удирањето на детето ќе се гледа како на казнено дело

    На родителите и старателите во Шкотска, за сега, овозможено им е користење на “разумна физичка сила” во дисциплинирањето на децата.

    Првата земја во светот која во 1979 година го забранила телесното казнување на децата била Шведска. На почетокот на Ноември во Шкотска се одржува гласање за усвојување на предлог Законот кој во потполност ќе го забрани “разумното казнување”.

    Имено, на родителите и старателите во Шкотска, за сега, овозможено им е користење на “разумна физичка сила” во дисциплинирањето на децата.

    Со изгласувањето на наведениот Закон, Шкотска би можела да стане првата земја во Велика Британија во која физичкото казнување на децата би претставувало казнено дело.

    Тоа за родителите значи соочување со казнен прогон поради било каква телесна казна над децата.

    Нацртот на Законот иницијално го предложи Scottish Green партијата, а поддршка доби и надвор од своите кругови, така што шансите за усвојување на новиот Закон се многу големи. Единствена партија која досега отворено се спротивставува на таквиот Закон е конзервативната Scottish Conservatives, пренесува Independent.

    Во пракса “разумна физичка сила” означува удар по телото, додека ударите по глава или ударите со некаков предмет се забранети.

    Проблемот доаѓа кога има личности кои се обвинети за напад на дете. Многу обвинети тогаш се бранат со аргументот “разумно казнување” над децата помлади од 16 години. Поради тоа се јавуваат многу случаи на избегнување на казнените пријави и прекинување на казнетото гонење.

    Интересно е и дека анкетата која е спроведена меѓу жителите на Шкотска, прикажува како 53% од Шкотите се согласни за наведената забрана.

    “Загрижувачки е фактот што нашите најмали и најзагрозени граѓани се единствените луѓе кои моментално ја немаат таа заштита, а сега е право време за тоа да се поправи”, вели Џон Финни, шкотски политичар.