ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Разведрете ги дождливите денови
    Разведрете ги дождливите денови

    Разведрете ги дождливите денови

    Темното небо и дождливите капки значат дека е дојдено вистинското време за забава! Спремете го мантилчето за дожд и гумените чизми – и право во вирчињата!

    Креди во разни бои

    Изнесете го детето на бетонски тротоар и предложете му да црта со креди во различни бои по водената површина. Дождот брзо ќе го избрише цртежот, а детето ќе мора повторно да црта.

    Уште попривлечни се вирчињата

    Земете од дома малку течен прашок за чинии и ставете неколку капки во вирчето. Шлапкањето на детето ќе биде пропратено со меурчиња од сапуница, што оваа омилена игра ќе ја направи уште поинтересна.

    Пронајдете засолниште

    На вашето дете ќе му се допадне и идејата да трча од место до место за да се скрие од  дождовните капки. Пронајдете место кое ќе ви биде засолниште од дождот, а потоа од таму пронајдете го следното засолниште. Испланирајте го следниот заеднички чекор пред да викнете “напред”! и заедно потрчајте кон следното ново засолниште.

    Кофи за дожд

    Кофичката за вода/песок не е само реквизит кој се користи за играње на убаво време (на плажа). Вашето дете со радост ќе ја користи и за собирање на дождовница, која потоа ќе ја истура во веќе постоечките вирчиња. Пронајдете некое место каде што детето може да собира дождовница (можеби под олукот)-и играта може да почне!

    Дождовни акварели

    Дозволете му на детето да стави неколку капки боја за храна на хартиена чинија, а потоа излезете надвор. Детето внимателно нека ја држи чинијата, така што на неа ќе паѓаат капки дожд. Кога ќе се вратите дома почекајте “акварелот” да се исуши и восхитувајте се на уметничкото дело.

    Спасување на инсекти

    После пролетните дождови на тротоарите или во паркот може да се видат многу црви, полжави… Вашето дете може да им помогне да се преселат на сигурно место, затоа што нивната кожа мора да остане водена, за да можат полесно да дишат.

    Мокри како глувци

    Што може да биде поинтересно отколку да се прска мама? Земете го детето во прегратка, застанете под дрво и помогнете му да ја заниша гранката и двајцата да ве испрска со дождовни капки.

    Меурчиња од сапуница

    Добро ви е познато колку вашето дете сака да прави меурчиња од сапуница и да трча по нив. На дожд оваа игра е многу поинтересна. Кажете му на детето дека е натпревар – кој побрзо ќе ги распрсне меурчињата, тоа или дождовните капки?

    Куќичка во дневна соба

    Дозволете му на детето да направи куќичка во дневната соба, користејќи ја столицата и прекривката. Сите деца сакаат да имаат катче во кое ќе можат да се скријат од дождот и да доживеат некоја авантура. Куќичката нека остане повеќе денови, се додека не се подобри времето.