
Развој на бебето-Календар на играчки за првата година
Кога ќе се роди бебето, сигурно ќе бидете преплавени со играчки кои ги купиле, бабите, дедовците, тетките, комшиите и слично, а вие пак исто така ќе го купите она што ви се допаѓа. Но, за некои од играчките сепак не е правиот момент.
Од раѓање па до година дена играчките првенствено служат за подигнување на психомоторниот развој на бебето, но за да играчките ја имаат токму таа улога, потребно е да бидат прилагодени на возраста. Секако, ќе ви биде тешко на бебето да не му ги дадете сите тие преубави играчки кои сте ги одбрале со огромна љубов. Но не треба да имате грижа на совест доколку сте го направиле токму ова, бидејќи тие нема да имаат никаква улога се додека бебето не порасне доволно за да си игра со нив.
0-1 месец
Верувале или не, но првата играчка со која треба да се занимава вашето бебе сте всушност вие. Сите бебиња од првиот момент после раѓање ги привлекува само човечкиот лик. Посебно реагираат на познати лици, а најмногу секако на мајчиниот лик.
1-2 месеци
Во овој период е добро на креветчето да поставите музичка вртелешка со јаки бои. Тие се ставаат на страничните делови од креветчето, во висина на бебешкиот стомак. Познато е дека бебињата подобро би гледале во предмети кои се во движење него во статични предмети.
2-3 месеци
Бебето во оваа возраст, би сакало да си игра со меки играчки, топчиња. Секако, треба да се почитуваат и некои правила со цел истите да имаат некаква функција. Првата бебешка играчка треба да биде во облик на кугла која би била поставена на одалеченост од околу 5 сантименти, треба да има дршка долга околу 10 сантиметри и да биде најдобро во црвена боја, со цел бебето да може да го фиксира погледот и да прати.
Првата топка треба да е мека, со одалеченост од бебето околу 10 сантиментри, црно бела или во комбинација на боите како (црвена, жолта, плава и зелена), бидејќи бебе на оваа возраст ги воочува контрастите а не боите.
4-5 месеци
Коцките и огледалото се фасцинантни за бебето на оваа возраст. Коцките овозможуваат бебешките рачиња да се прилагодуваат на облик и предмети кои треба да ги држат, а за почеток е најдобро да бидат оние кои се сложуваат една со друга, и затоа треба да бидат од пластика.
6-7 месеци
Сушкавите книги добро ќе го држат бебешкото внимание. Тие сега стануваат свесни дека самите произведуваат звук. Книгите чии страници се исполнети со шушкав материјал долго ќе ги забавува.
8-9 месеци
Бебето почнува полека да ја менува својата позиција, така се повеќе добива интерес за играчки кои се движат. Коли, топки и слично.
12-24 месеци
Во овој период вашето бебе ќе биде спремно за “сериозни играчки”. Развојот на фунцкиите на рацете им овозможува држење на играчки со разни форми, бои, играчки кои се вратат, можат да ги буткаат, притискаат на копчиња. Затоа можете на вашето дете да му дадете поголеми коцки за сложување, голема кола “за превоз”, книги, кутии со разни облици кои се пополнуваат со различни форми и слично. Детето ќе ужива да става играчки во корпата за играчки, да ги вади, расфрла, да влага го кутии и слично. На овој начин учи како да се снајде во просторот, што е мало а што големо, и како од едно место може да ги однесе работите на друго место.