ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Развој на бебето: Вашето бебе на пет месеци
    Развој на бебето: Вашето бебе на пет месеци

    Развој на бебето: Вашето бебе на пет месеци

    Вашето бебе веќе има пет месеци. Се повеќе ќе ги слуша вашите зборови и ќе ве гледа како се движите во просторот.

    Што треба да прави сега?

    На пет месеци бебето може да ги фаќа предметите, но сеуште не ги употребува палците.

    Главата може да ја држи исправено и може да се подигне во седечка положба, затоа што телото му се зајакнува. Многу сака да си игра со своите нозе и ги фаќа со рацете.

    Некои научници тврдат дека бебето на пет месеци веќе ги разбира сите основни гласови кои ги содржи мајчиниот јазик. До шестиот месец веќе би можело да изговори прв пат “мама” и “тато”, зборови кои нема да ги разбира, но за вас тоа ќе биде возбудливо.

    Како да комуницирате?

    Бебето  ја знае разликата помеѓу вас и другите личности и би можело да се “лепи” за вас кога е уморно или вознемирено. Но тоа не значи дека не е друштвено – кога ќе види друга личност, ќе го направи првиот чекор и ќе се смее и гуга додека не добие одговор.

    Како можете да му помогнете?

    Играчките ставете ги оддалечени така што ќе треба да се движи за да ги дофати. Како ќе му се развива координацијата на рацете и очите, така бебето ќе може се побрзо да ги фаќа работите.

    На пет месеци бебето развива смисол за хумор, па можете да му правите некои гримаси, да се криете позади дланките или да произведувате животински звуци, очекувајте дека бебето ќе се забавува и смее.