• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Развој на моторни вештини кај бебето: Играње со подавање
Развој на моторни вештини кај бебето: Играње со подавање

Развој на моторни вештини кај бебето: Играње со подавање

Како што вашето бебе ќе се приближува до десет месеци, вие и вашето бебе ќе имате незаборавно забава со играта која е идеална за таа возраст, а тоа е општо познато – подавање! Едноставно фрлање топки може да помогне во развојот на моторни вештини, бидејќи тоа е основа за координација и зајакнување на горниот дел од телото.

Што Ви е потребно?

Едноставно: топки. Различни по  големина, боја и материјал – секоја мека или обложена топка ќе послужи.

 

Како да  играме?

Фрлете го топчето накај вашето бебе. Охрабрете го да ви ја врати  назад, ако треба да и помогнете. Зборувајте за предметите и опишете што му што правите (“Ми фрли зелена топка” или “Јас ти  подадов црвена топка “.) Како што вашето дете е постаро, кажете му да ви подаде или да фрли одредена топка.

Трикови и совети

На оваа возраст, прецизноста на вашето бебе нема да биде точна. Тоа се уште ги вежба движењата  со рацете и прстите, така што на почетокот само ќе удира по топката.

Очекувајте да му помогнете во овој ран процес на развој на моторни вештини што ќе бара многу вежбање. Целта е да му помогнете на вашето бебе да добие контрола и координација преку безброј доловувања, туркање и фрлање.