Развој на плодот, од јајце клетка до човечко суштество!
За лична пресметка најлесно би било да се употреби Негелова формула за да се израчуна терминот за породување. Терминост за породување се добива според датумот на последната менструација и на истата и се додава уште 7 дена. На пример, ако последната менструација била на 3ти Август, очекуван термин за породување е 10ти Мај.
Исто така важно е да се знае дека бременоста се дели на три тромесечија, кои претставуваат значајно поглавје за развојот на бебето. Првиот тромесечие е најважен за развојот на плодот, додека третиот е најбитен за созревање и раст.
На интересен начин најчесто се прикажува растот на плодот, преку овошје и зеленчук, кои ја означуваат големината.
Развојот на плодот во првото тромесечие.
Овој период е исклучително важен бидејќи тогаш оплодената јајце клетка станува во човечко суштество. Сите развојни аномалии се појавуваат во овој период и поради тоа тој е од исклучителна важност. Оплодувањето се случило во јајцеводот и идното бебе почнува да патува до матката. Тоа патување трае 7 дена. Кога вашиот циклус ќе задоцни еден или два дена и тестот е веќе позитивен, мора да знаете дека ембрионот сеуште не е стигнат до матката, а матката сеуште не значи дека го прифатила.
Четири недели по оплодувањето, а шест недели од последната менструација бебето има 2мм и е тешко 1грам. Помеѓу петата и шестата недела, можеме да го слушнете срцето на бебето и така да потврдиме виталност и бременост. Во седмата недела, плодот е четири пати поголемо од почетната димензија, има развиени раце, нозе и почнува да се движи. Во оваа недела почнува да се развива плуќата, јетрата и бубрезите.
Во деветата недела бебето има 4цм и мозок кој е зголемен 4 пати. Во единаесетата недела јетрата почнува да прави црвени крвни зрнца и почнува да му работата бубрезите. Во 12-та недела вашето бебе е потполно формирано. Долго е 6цм. Косата и ноктите почнуваат да растат, а во вилицата се наоѓаат 32 мали забни корени. Во оваа недела бебето почнува да прави движења како да цица. Тогаш се совршено формирани и половите органи.
Се што е најважно се случува во ова тромеселие и тогаш, најбитно е мајката да биде здрава и на неа да не делуваат штетни фактори кои би влијаеле во пореметувањето на развојот на детето. Поголемиот број на аномалии се ствараат во период кога жената не е ни свесна дека е бремена.
Развој на плодот во второто тромесечие.
Во тринаесетата недела плодот забрзано расте. Почнува да се прави постелката и таа да обезбедува храна и воздух. Во петнаеста недела движењата стануваат многу појаки, коските стануваат цврсти, а голем број на мозочни ќелии се зголемени за 250.000,00 во секоја минута. Во осумнаеста недела бебето знае да го цица својот палец. Во дваеста недела бебето достигнува половина од својата должина и од тогаш растот почнува да биде поспор, а почнува созревањето. Во 22ра недела ушите се потполно формирани а бебето може да одговара на звуци и гласови. Од овој период музиката може да ја стимулира мозочната активност кај бебето. Во 24-та недела бебето отвара очи и белите дробови се целосно формирани. Во 25-тата и 26-тата недела бебето има периоди кога спие и кога е будно. Кожата се прекрива со бела масна супстанца која се вика верникс и ја штити бебешката кожа од вода. Во 27ма недела почнува поинтензивен пораст во тежина и расте количината на плодовата вода.
Развој на плодот во третиот семест
Во 28-мата недела бебето на моменти ги држи очите отворени и ако се роди во оваа недела, со добра перинатална нега и згрижување, има добри шанси да преживее. Во 29та недела во бебешките бели дробови интензивно се развиваат алвеолите и се произведува сурфакант, материја која ги држи арвеолите отворени и овозможува нормално дишење. Во 30-тата недела бебето почнува да го зајакнува тонусот и е способно да се ориентира во просторот. Во 33та недела бебето е потполно развиено, добива на тежина и продолжува созревањето на органите. Во 36та недела 75% од хранливите материи во плацентата се користат за развој на мозокот, а бебето завршува со своето созревање и се спрема за породување.
За девет месеци организмот кој стартуваше од 2 ќелии со микронски размер, пораснал и се оформил во здраво суштество тешко околу 3 кг. Поради сево ова, постои зборот бременост, бидејќи ниту еден од симптомите и тегобите претходно мајката ги нема почувствувано.