Развојни пресвртници до шестиот месец на бебето
До крајот на шестиот месец, кај повеќето бебиња ќе забележите дека:
– можат да го фиксираат погледот на помали предмети
– гледаат кон изворот на звук
– повторуваат и гугаат едноставни звуци шти ги прави родителот
– јадат поретко и вежбаат да јадат цврста храна
– играаат сами подолг временски период без да плачат
– често гризат предмети
– понезависно се движат и учат да се превртат или да седнат (со малку помош)
– почнуваат да го истражуваат светот со дланките
Знаци за предупредување: Ако забележите нешто од следново кај вашето бебе и по првите шест месеци, препорачливо е да стапите во контакт со педијатарот.
– Бебето не му враќа со гугање на родителот
– Бебето не фаќа работи и не ги доближува до уста
– Кај бебето и понатаму се активни Мороовиот рефлекс и тоничниот рефлекс на вратот.
–