Реагирање на бучава
Некои бебиња се успиваат со звукот на правосмукалката или фенот за коса, а на некои други тоа им претставува ноќна мора – што можеби е и почеста слика, но тоа не треба да ги плаши родителите, освен ако не се пренесе и во подоцнежните години.
Научниците од Филаделфија спроведоа студија која покажа дека токму повеќето новороденчиња се плашат од предметите кои произведуваат бучава, па ги советуваат возрасните да бидат внимателни кога ги вклучуваат. Дури и звучните играчки можат да ги престрашат децата, доколку се прегласни и произведуваат иритантни звуци.
Научниците велат дека до првата година од животот сосема е нормално бебето бурно да реагира и кога родителите “звучно” ќе го отворат чадорот или ќе ја затворат вратата од рерната, ормарот или туш кабината. Но тоа и понатака не значи дека имаат плашливи деца, туку дека само тие се во својата фаза од животот.