Реалноста на секоја мајка
Јас сум мајка. Имам две деца. Одев кај фамилијарниот доктор бидејќи ја изгубив меморијата и имав проблем со концентрацијата. Фамилијарниот доктор ми рече дека морам да спијам 8 часа на секои 24 часа. Имав болки во грбот и кичмата. Неурологот рече дека треба да пливам и да имам пилатес часови 2-3 пати неделно. Професорот на мојот постар син ми посочи дека морам да ја надгледувам домашната работа на моето дете. Моето помало дете има проблем со исхраната и нутриционистот ми рече дека морам да му готвам и да му давам свеж оброк со состојки кои нема да предизвикуваат алергии. Мојот маж и мојот постар син велат дека храната што ја готвам е невкусна и одбиваат да ја јадат. Морам да готвам одделно, храна за мојот помал син и храна за мојот постар син и сопруг. За хармонја во домот експертите за родителство, едукација и психологија советуваат да се посветува по 30 минути во денот на секое дете посебно. Педијатрите препорачуваат да се прошетаат децата секој ден по 1 час во парк. Месечниот буџет вели дека морам да работам полно работно време. Едукаторите за деца велат дека треба да се остават деца да се забавуваат и да бидат креативни па макар тоа значело и неколку пати перење на алиштата. Терапиите за партнери советуваат дека треба 1-2 во неделата се посветува време на самите себе. Психијатрите велат дека мора да се има време за себе. Во моментов барам експерт кој ќе ме научи како сето ова да го направам за 24 часа!