Рецепт за лижавче: Сладок “лек” против мачнини во текот на бременоста
Рецепт за лижавче: Сладок “лек” против мачнини во текот на бременоста
Пробајте со овој сладок “лек” да ги ублажите мачнините во текот на бременоста и да го смирите желудникот.
Ѓумбирот е добро познат како намирница која ги ублажува мачнините, поради што се советува на трудниците кои се борат со мачнини, бидејќи помеѓу останатото, ѓумбирот помага во неутрализација на киселините во желудникот и го опушта, со што ја смирува мачнината.
Нането исто така помага во ублажување на мачнините, па дополнително дава и освежителен вкус но и мирис.
Јаболковиот оцет има слично дејство на желудникот, но бидејќи не е пријатно за конзумирање, во смесата за лижавче се додава мед кој ќе ја ублажи киселоста и ќе даде слаткост и фино ќе се соедини.
За 6-8 лижавчиња потребно е:
¼ шолји јаболков оцет
¼ шолја со листови од нане
Пола шолја мед
¼ лажица ѓумбир во прав.
Припрема:
Во блендер прво ставете ги листовите од нане и оцетот и блендирајте се додека листовите не бидат многу ситно исецкани и соединети. Мешавината потоа префрлете ја во тенџере, додадете мед и ѓумбир и кратко варете на тивок оган со постојано мешање. Би било идеално доколку имате термометар и би можеле да измерите дека температурата е достигната до 300 степени.
Доколку немате, тогаш постојано ставајте ладна вода во некој сад и во неа ставајте по малку од смесата. Ако смесата на допир со ладна вода веднаш се стврднува тогаш лижавчињата се спремни за обликување.
Доколку имате калапи, икористете ги нив, но доколку немате можете со лажица да земете од смесата и да ја ставате на хартија за печење. Доколку немате стапче, можете на хартијата за печење да ставате мали облици, па потоа да ги јадете како бомбони.
Лижавчињата или бомбоните оставете ги да се оладат и стврднат на собна температура.