Рецепт за палента со сос од зеленчук
Потребно е:
100 грама палента (пченкарен гриз)
2 лажички маслиново масло
1 главица кромид
1 мало струкче праз
3 домати
1 модар патлиџан
1 морков
50 грама трапис сирење (или друго)
свеж босилек
Подготовка:
Подгответе ја палетата според инструкциите од пакувањето. Оставете ја настрана. Загрејте го маслото, а потоа издинстајте го ситно исечениот кромид и праз (и зелениот дел). Додадете малку вода и крчкајте додека масата не стане кашеста. Полијте го доматот со врела вода, излупете го, исецкајте го на коцки и ставете го во тавата со кромид и праз. Крчкајте 5 минути. Во меѓувреме, изрендајте го морковот, и додадете го во сосот. Модриот патлиџан испечете го во рерна, излупете го, отстранете го”месото”, а потоа измешајте го со сосот. Гответе десет минути. Конечно, посипете со свеж, ситен босилек. Подготвениот сос од зеленчук прелијте го на палентата и вкусниот ручек е готов.