
Рецепти за бебе : Каша од спанаќ и банана
Почитувани мајки, веруваме дека веќе сте станале кулинарски експерти во исхраната за вашите деца, па затоа ви даваме малку поинаков рецепт што може да го подготвите за вашето бебе од десеттиот месец.
Потребно е:
1 средна или голема банана (излупена и преполовена)
2-3 чаши органски бебешки спанаќ
Подготовка:
1. Истурете 2,5 сантиметри вода во тенџере и почекајте да зоврие.
2. Ставете го спанаќот на метална цедилка, а потоа гответе го на пареа. Водата не треба да го допира врвот на цедалката.
3. Покријте го тенерето со капак и чекајте пет до седум минути за спанаќот да се обари.
4. Ставете ја бананата и спанаќот во блендерот и блендирајте се додека не ја добиете саканата густина.