Рецепти за бебе од 6 до 8 месеци
Гриз со компир
Излупете го комирот и ставете го да се вари. Кога е скоро сварен, изгмечете го со вилушка, а во водата во која се варел додадете две три лажици пченкарен гриз. Мешајте го гризот на тивок оган додека не се згусне. Потоа промешајте го со компирот, ако кашата е премногу густа и сува може да ја разредите со млеко, мајчино или адаптирано.
Јаболка со морков
Излупете ги морковот и јаболката и исечете ги на ситни парчиња. Се заедно ставете да се вари на пареа, не повеќе од 5 минути, а потоа со блендер или миксер изблендирајте ги. По желба додаете мајчино или адаптирано млеко. Доколку сакате да го збогатите оброкот со калории додадете лажица или две оризови снегулки, но само ако претходно сте додале млеко, инаку смесата ќе биде прегуста.
Мешано овошје
Исчистете го овошјето од коски и семки, исечете го на ситни парчиња и потоа изблендирајте го .Употребувајте овошје кое дотогаш Вашето дете веќе го има пробано. Избегнувајте цитрусно овошје кое се препорачува по првата година.