
Рецепти за бебе од 8 до 10 месеци
Густа супа од пилешко месо
Ставете го добро исчистениот и излупен зеленчук во тенџере, заедно со чисто бело месо. Додадете вода и варете додека месото целосно не омекне. Извадете го зеленчукот од садот и изблендирајте го .Сторете го истото со месото. Ставете малку маргарин во вториот сад, додадете го иситнетиот зеленчук и месо и истурете ја водата од супата. Нека врие уште 10 минути, и ако сакате, можете да додадете оризови снегулки или пченкарен гриз. Оладете ја супата и дајте му на бебето да јаде.
Палачинки од јаболка
Измешајте брашно, жолчки, вода и лажица масло – приближно во истиот сооднос како кога правите класични палачинки. Добро се меша со миксер, така што тестото е мазно и без грутчиња. Додајте рендано јаболко на мешавината. Се меша и се остава околу десет минути да отстои. Се пржи на масло, како и обичните палачинки. Оставете ги да се изладад, а потоа понудете му на детето исецкани на парчиња.
Пудинг од кравјо сирење
Сварете јаболка или крушки кои претходно сте ги исекле на мали парчиња. Кога овошјето ќе омекне, извадете го од водата и смачкајте ги со вилушка. Измешајте го со посно кравјо сирење.
Мешан зеленчук со бело месо
Состојки:1 шоља грашок, 1 морков,1 помал компир, 100 грама бело пилешко месо,1 лажица бело сирење
Подготовка:
Измијте и исечете ги компирот и морковот. Ставете го зеленчук (и грашокот) во врела вода да се вари. Исцедете го варениот зеленчук во чинија и исплакнете со ладна вода. Ставете го белото месо на малку масло да се динста. Периодично додавајте малку вода додека месото не е целосно омекнето. Извадете го месото и оставете го настрана. Додајте во сокот од месото 1 лажица сирење и посипете ги со ситно сецкани лисја од магдонос. Исечете го месото, измешајте го со варениот зеленчук, а потоа полијте го со подготвенио тсос од сирење.
Пире од карфиол
Овој рецепт е за деца во десеттиот месец. Ви требаат 200 грама карфиол, четири лажици млеко, свежо мајчино млеко или кравјо. Потоа пет грама путер (какао лажица) или маслиново масло. Добро измиениот карфиол сварете го, при што истурете ја првата вода. Во свежа, малку солена вода, гответе го во отворен сад,потоа исцедете го и испасирајте го. По додавањето на млекото, се готви уште малку и додадете го топлото масло.
Пире од боранија
Ова пире се дава на децата од деветтиот месец. За ова јадење ви се потребни 200 грама боранија, лажица млеко, 5 грама путер или лажица маслиново масло, сецкан магдонос. Се подготвува според истиот принцип како и сите претходни пиреа. Добро измиен, сецканиот магдонос се додава на крајот на готвењето, и со него се проварува уште малку. Додека е топло пирето се додава маслинов зејтин на крајот кога ќе го тргнете од шпорет.