ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Здрава исхрана   >  Рецепти за каши со житни култури
    Рецепти за каши со житни култури

    Рецепти за каши со житни култури

    Житарици или цералии според одредени препораки се првата цврста храна на бебето која треба да ја проба .

    Житариците главно содржат јаглени хидрати, или износот во нив варира, во зависност од видот на култура. Во житни култури е присутен повисока количина на скроб кој претставува главен извор на енергија, горниот слој (лушпата) е богата со растителни влакна кои се растворливи и нерастворливи – целулоза, чија улогата се рефлектира во одржување на функцијата на гастроинтестиналниот тракт.

    Житариците се добар извор на железо, калциум и витамини од Б-група, фолна киселина.

    Житариците се првиот избор за добар почеток, а редоследот на воведување житни култури е следниот:

    Петти и шести месеци – ориз и пченка

    Во седмиот и осмиот месец – овес, просо, пченица, јачмен, ‘рж и хељда

     

    Мојата прва оризова каша

    Потребно е:

    30ml. Адаптирана млечна формула или мајчино млеко

    1,5 лажици оризови снегулки

    Во претходно подготвена топла адаптирана млечна формула или млечно млеко додајте ги оризовите снегулки и фино соединете ги.

     

    Каша со гриз и овошје

    Потребно е:

    50ml адаптирана млечна формула или мајчино млеко

    2 лажички гриз,

    ½ јаболка.

    На претходно подготвена адаптирана млечна формула млеко или мајчино млеко додадете испасирано јаболко, гриз и убаво соединете.

     

    Хељдина каша со млеко

    Потребно е:

    100ml. прилагодена млечна формула или мајчино млеко,

    100ml. вода,

    10гр. Гриз од хељда

    Водата загрејте ја , и кога ќе зоврие, постепено, со постојано мешање се додава гризот од хељда. Гответе на тивок оган 2-3 минути. Во подоладениот хељдин гриз додадете го млекото. Кашата е многу хранлива и му се дава на детето по шестиот месец.