ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Актуелно   >  Револуција на полето на медицинската дијагностика: За само неколку минути овој уред го открива проблемот
    Револуција на полето на медицинската дијагностика: За само неколку минути овој уред го открива проблемот

    Револуција на полето на медицинската дијагностика: За само неколку минути овој уред го открива проблемот

    Времето на лекарите кои препишуваат силни антибиотици додека ги чекаат лабараториските анализи можеби се ближи кон крајот, благодарејќи на новиот уред кој тие резултати ги дава во рок од неколку минути наместо неколку денови.

    Уредот го направи тимот од Универзитетот во Пенсилванија, а истиот е опишан во научниот весник Proceedings of the National Academy of Sciences.

    Направата користи микротехнологија за да ги зароби бактериските келии кои потоа можат да бидат набљудувани со електронски микроскоп.

    Со таа техника е можно во рок од 30 минути да се дознае дали одредена бактерија е присутна во примерокот, како и нејзината осетливост на медицински третмани како што се давањето на некои лекови и утврдувањето на отпорноста.

    Доколку бактеријата е отпорна, антибиотиците нема да делуваат. Во денешните лабаратории тој процес трае од три до пет дена.

    “Сега препишуваме антибиотици иако не знаеме кои бактерии се присутни”, вели Пак Кин Вонг, еден од творците на револуционарниот уред.

    Освен откривањето на присуство на бактерии, уредот може да го одреди и нивниот тип, низ набљудување на обликот на келиите. Сепак, нема да биде можно да се одреди за која бактерија се работи, а Вонг вели дека неговиот тим работи на дополнителен молекуларен пристап кој ќе овозможи и класификација на бактериите.