
Режим на спиење активиран од родителот 2
Овој метод го учи бебето независно да го активира режимот на спиење. Кога вашето бебе ќе го совлада, ќе може поефективно да го применува во текот на ноќните будења. Почнете го процесот по четвртиот месец. Бебето треба да биде најадено и здраво , а пелените суви.
1. Воспоставете рутина пред легнување што ќе го смири бебето и ќе му сигнализира дека дошло време за легнување. Тоа може да биде капење, кажување приказна, пеење или нишкање.
2. Однесете го бебето во неговата соба и легнете го во креветчето.
3. Покријте го и посакајте му добра ноќ.
4. Исклучете ги светилките и вклучете ја ноќната ламба.
5. Излезете од собата и затворете ја вратата, бебе фонот нека биде вклучен за да можете да го слушате. Не враќајте се до следното утро. Бебето ќе плаче подолг период. Ако сте го оставиле во соодветно конфигуриран простор за спиење, знаете дека е на безбедно. Со текот на времето бебето ќе заспие. По неколку ноќи ќе научи дека со тоа што ќе заплаче нема да ве натера да влезете во собата.