ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Режим на спиење надвор од просторот за спиење
    Режим на спиење надвор од просторот за спиење

    Режим на спиење надвор од просторот за спиење

    Следниве упатства ќе ви помогнат да го активирате режимот на спиење кога бебето се наоѓа во количка или автомобил.

    Во количка

    1. Направете да му биде топло. Бебето треба да биде облечено соодветно за времето. Ако е студено, дополнете го изборот на гардеробата со ќебенце.

    2. Направете да му биде темно. Наместете ја настрешницата за сонце. Наметнете ќебенце во предниот дел на количката. Ако бебето заплаче поради тоа, откријте го ќебенцето од едната страна.

    3. Движете се во тивко опкружување.

    4. Повремено набљудувајте го бебето за да видите дали стапило во режим на спиење.

    5. Продолжете со прошетка или вратете се дома. Ако се вратите дома, внесете ја количката внатре и оставете го бебето да спие таму.

    Во автомобил

    1. Цврсто врзете го бебето во седиштето.

    2 .Навлечете бебе-ролетни или закачете крпи на страничните прозорци за да го блокирате сонцето. Бебе-ролетни или фолии може да се купат во продавниците за бебешка опрема и лесно се прикачуваат на прозорците со вакум.

    3. Изберете ја рутата внимателно. По можност, возете во правец што не го изложува бебето на директна сончева светлина.

    4. Пуштете тивка музика.

    5. Набљудувајте го бебето. Некои бебеиња ги смирува рамен пат, а други повеќе сакаат тумби. Приспособете ја рутата.